Како да го решите проблемот со вревата кога работите во „океан“ канцеларија?

Секојдневната врева, разговор меѓу колегите, приватни телефонски повици на работното место може да биде вознемирувачкo искуство за некои вработени, особено за оние кои работат во таканаречениот океан каде што се сместени многу луѓе.

okean-kancelarija-1275-fi

Извор: Envato Elements / monkeybusiness

Вработените се трудат да се приспособат на тоа и да се фокусираат на својата работа и покрај пречките но ако вашата околина негативно влијае на вашата продуктивност, тоа е нешто за кое треба да се грижите и вие и вашата компанија.

Што можете да направите?

Обратете се кај вашиот менаџер или кај HR менаџерот

Соочени со ваков проблем држете ги емоциите под контрола. Не размислувајте за тоа како вашите колеги се безобразни или како не сакате да се жалите и да си создавате непријатели.

Наместо тоа, задржете го фокусот на работата, пишува CNBC Make It. Известете ги надредените дека овој проблем влијае на вашата продуктивност и ги попречува вашите состаноци со клиенти. Дајте им до знаење дека квалитетот на работата ви е на прво место и дека ви е потребен простор во кој можете квалитетно да ги извршувате вашите работни обврски.

Единствениот проблем со овој пристап? Бара акција одозгора надолу, која можеби нема да ја заврши работата. Тоа би можело да изгледа пасивно-агресивно, и на крајот на денот, ако HR не реагира, би можело да биде неефикасно.

Одете директно кај изворот на вревата

Ако сте во пријателски односи со колегите, разговарајте со нив. Директен пристап е скоро секогаш одличен прв чекор.

izvor-na-vreva-1275-ps1

Извор: Pexels / Artem Podrez

Вашите колеги не читаат мисли. Можеби мислат дека сакате да ги прислушкувате нивните разговори.

Пријдете им и културно предочете им ја ситуацијата. Истакнете дека е тешко да се примаат повици од клиенти кога се води жив и гласен разговор во канцеларија.

Проблемот со овој пристап е што е тешко да се промени групната динамика заради удобноста на една личност. Ако колегите ви се дружељубиви и цел ден имаат што да си кажат барањето да ги променат нивните навики може да вроди со плод моментално но по недела-две се да се врати по старо, така што ова не е добра долгорочна стратегија.

Фокусирајте се на она што можете да го контролирате – на пример, каде седите

Обидете се да ја преместите својата работна маса во потивок дел од канцеларијата или најдете некое потивко место кога треба да примате повици. Ако е потребно одобрение, јасно претставете му ги вашите потреби на менаџерот. Исто како што ви се потребни основни алатки како компјутер и телефон, адекватен работен простор е од витално значење.

Оваа опција ви овозможува да преземете акција без потреба да чекате на било кого друг да го реши проблемот.

Без разлика како, важно е да реагирате брзо. Премолчување на проблемот може да предизвика огорченост и незадоволство. Изразувањето на вашите потреби на работното место не е себично, туку е во најдобар интерес на компанијата која секако дека очекува продуктивност од вработените.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.