Грешки кои (можеби) ги правите во првите 10 минути од работниот ден

Првите неколку минути од работниот ден се клучни за продуктивноста во следните осум часа.

greshki-2040-fi

Извор: Freepik

Ако често доцните или сте „заглавени“ одговарајќи на непрекинатата низа мејлови, лесно можете да излезете од ритамот и остатокот од денот да го поминете обидувајќи се да се сконцентрирате.

Сајтот Business Insider направи мало истражување на оваа тема и дојде до список на работи кои не треба да ги правите во првите 10 минути кога ќе пристигнете во канцеларија или кога ќе седнете пред компјутерот за време на вашиот работен ден.

Доцните

Можете да го „запрете“ работниот ден и пред тој да започне. Една студија, спроведена по нарачка на The Huffington Post, покажа дека менаџерите ги гледаат вработените кои доцнат како помалку одговорни и им даваат пониски оценки за работата. Ова до некаде го знаевме, но ова е интересниот дел: Менаџерите го имаат истото мислење дури и кога вработените остануваат подоцна на работа ако задоцниле на почетокот на денот. Не е фер, но е реалност. Затоа, обидете се да доаѓате во канцеларија што е можно порано.

Пиете кафе

Ако не сте личност која пие кафе веднаш по будењето, тогаш веројатно ќе посегнете по шолја кафе кога ќе стигнете во канцеларија. Но, истражувачите велат дека најдоброто време за пиење кафе е по 9:30 часот наутро. Тоа е затоа што хормонот на стрес, кортизол, кој ја регулира енергијата, обично го достигнува својот врв помеѓу 8 и 9 часот наутро. Кога пиете кафе во тоа време, телото почнува да произведува помалку кортизол и повеќе се „потпира“ на кофеинот.

Одговарате на секоја е-пошта што ви пристигнала

Ако веднаш штом седнете пред компјутерот „потонете“ во море од мејлови, тоа не е добро за вашиот работен ден. Тоа е мислењето на Мајкл Кер, автор на книгата „You Can’t Be Serious! Putting Humor to Work“. Тој смета дека првите 10 минути треба да ги користите за да ги прегледате и сортирате мејловите по важност. На тој начин можете да забележите што е итно и да направите план за тоа како ќе одговарате подоцна.

greshki-2040-ps1

Извор: Freepik

„Проверувањето мејлови може да биде една од оние задачи што ни даваат чувство дека успешно завршуваме работи, но опасноста е во тоа што не работиме по приоритет и им дозволуваме на другите да ни ја уредуваат агендата“, рече Кер за Business Insider.

Започнувате со работа без план

Пред да започнете со работа, треба да знаете кои се вашите приоритети, а можете и да ги запишете. Ако веќе имате состанок, одвојте најмалку 10 минути време за да се подготвите, инаку може да ве изненади веста дека состанокот започнува, а вие сте среде пишување проект.

Прво ја извршувате најлесната задача

Разни студии, но и нашето лично искуство, покажуваат дека енергијата и волјата ни опаѓаат како што одминува денот. Затоа е клучно важните работи да ги завршиме што е можно порано. Некои луѓе оваа стратегија ја нарекуваат „јадење жаба“, базирана на цитатот на Марк Твен: „Ако треба да изедеш жаба, најдобро е тоа да го сториш рано наутро.“

Работите повеќе работи истовремено („мултитаскинг “)

Наутро имате најмногу енергија и затоа можеби чувствувате дека сте подготвени да направите милион различни работи одеднаш. Повеќепати сме пишувале дека „мултитаскингот го убива вашиот мозок“ и дека тоа е мит. Најдобро е да работите една по една работа и да посветите време на секоја колку што заслужува.

greshki-2040-ps2

Извор: Freepik

Ви се мотаат лоши мисли низ главата

Можеби ве изнервирал продавачот во пекарницата или случаен минувач. Или веќе сте биле лути кога сте излегле од дома. Не дозволувајте овие чувства да ве одвлекуваат од задачите што треба да ги завршите тој ден. Експертите нудат едно едноставно решение: Обидете се да ги ставите негативните мисли во една кутија кога ќе го започнете работниот ден. Обидете се да го визуелизирате овој чин, можеби навистина ќе помогне.

Имате состанок

Состанокот во утринските часови може да биде трошење на вашите когнитивни ресурси. Според Лаура Вандеркам, авторка на книгата „What the Most Successful People Do Before Breakfast“, раните утрински часови треба да бидат резервирани за задачи кои бараат фокус и концентрација, како што е пишувањето. Состанокот со шефот и/или колегите треба да се одржи кога нивото на енергија е најниско – средината на денот, освен ако не бара поголема ментална енергија.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.