Директорите на 5.000 најбрзо растечки компании ги „решетаат“ идните вработени со овие прашања

Во годишното истражување на извршните директори, лидерите од листата Inc. 5000 ги споделија некои од своите омилени прашања за интервју. Некои се поврзани со вообичаените теми на работното место, како што е односот со колегите, додека други се понеконвенционални, како што се преференциите за домашни миленичиња.

direktori-2176-fi

Извор: Freepik

Еве девет од омилените прашања за интервју на директорите на компаниите од листата Inc. 5000.

Што е тоа во врска со оваа работна позиција или оваа компанија што би ве навело да се откажете од размислување?

Извршниот директор на New Charter Technologies, Питер Мелби, вели дека ова прашање е клучно за одредување на страста на кандидатот за својата улога. Освен способноста, страста е еден од трите критериуми што ги зема предвид провајдерот за ИТ услуги со седиште во Денвер, кога го проширува својот тим, кој од 210 вработени во 2020 година порасна на околу 1.250 во 2024 година.

„Ако некој не може да ви каже зошто не би ја сакал работата, тогаш тој ја сака работата“, рече Мелби.

Која работа би нѐ изненадила да ја дознаеме за вас по шест месеци работа, а која не се среќава во процесот на интервјуто?

Ова е уште едно од омилените прашања за интервју на Питер со кое тој настојува да оцени дали кандидатот е подготвен да биде искрен.

„Интересно е. Некои луѓе кажуваат само основни работи, додека други се многу подетални. Ако не можат во овој момент да споделат нешто автентично, колку време ќе ни биде потребно да стигнеме до таа точка со нив?“ додаде тој.

direktori-2176-ps1

Извор: Freepik

Како би ве опишале вашите поранешни или сегашни колеги?

Омиленото прашање за интервју на извршниот директор на Front Line EMS, Ричард Бул, е уште еден начин за добивање на најискрениот одговор од кандидатите за работа, пишува Inc.

„Од некоја причина луѓето можат да одговорат поискрено за тоа што би кажале другите луѓе за нив, отколку што би одговориле за себе. Не знам дали е тоа затоа што прашањето ги затекнало или затоа што имаат увежбано многу можни одговори за своите способности“, рече Ричард.

Бул забележал дека тоа прашање често открива дали кандидатот останува ладен под притисок, што е клучен квалитет за Mountain Home, службата за итна медицинска помош од Ајдахо. Тој додаде дека еднаш имал кандидат кој му рекол дека неговите колеги би го нарекле „проблем“, што довело до продуктивна дискусија за повратните информации од добавувачите и на крајот до понуда за работа.

Дали сте мачка или куче? Дали повеќе сакате кафе или чај?

Извршната директорка на HistoryIT, Кристен Гвин-Бекер, рече дека во моментот кога ќе запознае кандидат во процесот на интервју, таа веќе знае дали е квалификуван. По повеќе стандардни прашања, како на пример „Зошто HistoryIT?“, кои помагаат да се утврди дали лицето е љубител на историјата (нешто што Гвин-Бекер тврди дека е неопходно за компанијата за софтвер и услуги за дигитално одржување со седиште во Портланд), таа поставува и некои забавни прашања.

„Секогаш велиме дека нема да преживеете во HistoryIT без силна доза сарказам, па гледаме како кандидатите одговараат на такви прашања, но на тој начин и дознаваме нешто за нив“, рече таа, додавајќи „вработуваме и љубители на кафе и чај, како и љубители на мачки и кучиња.“

direktori-2176-ps2

Извор: Freepik

Да бевте директор на компанијата во која моментално работите, што би направиле поинаку?

Извршниот директор на Refloor, Брајан Елијас, рече дека ова прашање нуди увид во тоа дали кандидатите се ориентирани кон решавање проблеми. Тој тврди дека постојат три опции за решавање проблем: да го задржиме, да го споделиме или да го решиме.

„Сакам да вработувам луѓе кои решаваат проблеми“, рече тој.

Компанијата со седиште во Трој, Мичиген, пораснала од 26 вработени во 2020 година на скоро 400 во 2024 година. Елијас рече дека за да обезбеди доследност меѓу новите вработени, тој ги вработува поради нивните вредности.

Еве уште четири прашања кои ги фаворизираат извршните директори од листата Inc. 5000 во истражувањето за 2024 година.

Моментално сте на интервју за работа, но да претпоставиме дека вашата единствена опција била да започнете мал бизнис. Што би било тоа и зошто?

Можете ли да ми раскажете за периодот кога сте се соочиле со значителен предизвик на работа и како се справивте со него?

Кога ќе наидете на несогласување со политиката на менаџментот, продолжувате ли да работите додека не се постигне договор или застанувате за да постигнете консензус пред да продолжите?“

Кога бевте млади, што сакавте да направите со својот живот?

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.