Миленијалците и генерацијата Z од очај прекумерно трошат пари

Младите сé повеќе се фалат со луксузот во кој уживаат, како што се патувањата и дизајнерската облека наместо да штедат, следејќи го трендот кој на социјалните мрежи се опишува како „очајничко трошење“.

finansii-2184-fi

Извор: Freepik

Очајничкото трошење значи дека лицето безумно купува за да се смири, бидејќи се чувствува песимистично во врска со економијата и својата иднина, вели Psychology Today.

Ова е резултат на фактот што младите често се онлајн и се чувствуваат како постојано да добиваат „лоши вести“. Тоа ги тера да се чувствуваат како да доаѓа крајот на светот.

Оваа пракса истовремено е „нездрава и фаталистичка“, вели за CNBC Make It Илва Бекстром, сениор предавач по финансии на King’s Business School и поранешен банкар.

Младите луѓе во тој момент ги претвораат лошите чувства во лоши потрошувачки навики, додава Бекстром.

Во реалноста, 96% од Американците се загрижени за моменталната состојба на економијата, а повеќе од една четвртина од нив трошат пари за да се справат со стресот, се вели во истражувањето на Intuit Credit Karma спроведено на повеќе од 1.000 Американци во ноември 2023 година.

Станува се потешко да се штеди

А овој феномен не е ексклузивен само за Америка.

Стефанија Тронкосо Фернандез, 28-годишна публицистка од Колумбија која живее со своите родители, за CNBC Make It вели дека повеќе не е расипничка, но дека високите нивоа на инфлација и политичката неизвесност го отежнуваат рационализирањето на штедењето пари.

„Сигурна сум дека трошоците за храна секој ден се поголеми и поголеми, а во мојот дом не можеме да си дозволиме да јадеме на ист начин како пред можеби една година, бидејќи работите стануваат сè поскапи“, додаде Фернандез.

Пред две години, Фернандез призна дека неуморно трошела пари на облека и патувања, иако заработувала помалку пари од сега. Тоа воедно била и главната причина поради која не можела да си дозволи да си купи сопствен дом.

„Во минатото имавме владина програма која ни позајмуваше пари за вложување во недвижнини по многу ниска стапка, но со промената на владата, тоа повеќе не ни е достапно, така што сега ќе мора да платиме повеќе“, рече таа.

Фернандез откри дека не е сама во оваа неволја.

„Не сум само јас. Ова е нешто што се случува во мојот круг на луѓе“, додаде таа.

finansii-2184-ps1

Извор: Freepik

Првата генерација која ќе биде посиромашна од претходната

Само 36,5% од возрасните ширум светот се чувствуваат како да им е подобро отколку на нивните родители во финансиска смисла, додека 42,8% сметаат дека им е всушност полошо, според меѓународно истражување на CNBC за финансиската безбедност, спроведено од Survey Monkey, кое вклучува 4.342 возрасни лица ширум светот.

„Генерацијата што сега расте е првата генерација која долго време ќе биде посиромашна од нивните родители. Постои тоа чувство дека можеби никогаш нема да можете да го постигнете она што го постигнале вашите родители“, вели Илва Бекстром.

Како резултат на тоа, трошењето создава илузија на контрола во светот кој изгледа како да е надвор од контрола, забележа Бекстром.

„Но, она што навистина се случува е дека тоа ви дава помала контрола во иднината, бидејќи ако ги заштедите тие пари и ги инвестирате, можеби ќе можете да купите куќа“, објаснува таа.

finansii-2184-ps2

Извор: Freepik

Обид за бегство

Даивик Гоел, 25-годишен основач на стартап кој живее во Силициумската долина, вели дека прекумерно трошел пари кога работел како менаџер на производ во биотехнолошки стартап.

Навиката произлезе од чувство на незадоволство од неговата работа, како и притисок од врсниците, рече тој.

„Тоа беше само обид за бегство“, изјави тој.

Гоел, кој многу трошел на дизајнерска облека, технолошки производи и излегувања, тврди дека прекумерното трошење е многу често во Силициумската долина.

Сан Франциско има некои од највисоките цени на недвижнини во САД, според анализа на веб-страницата за недвижнини Point2 од 2023 година. Откриено е дека 62% од недвижнините во Сан Франциско чинат повеќе од еден милион долари.

Гоел истакна дека откако ја основал својата финтек компанија Intrepid во 2023 година, неговата навика на трошење „целосно исчезнала“ затоа што пронашол среќа во својата работа.

„Целиот мој начин на размислување се промени“, заклучи тој.

Запознајте го вашиот однос кон парите

Бекстром ја истакна важноста на разбирањето на вашиот однос кон парите, доколку сакате да го надминете прекумерното трошење.

Таа рече дека односот кон парите е сличен на односите кон луѓето: Започнува во детството и луѓето формираат различни типови на приврзаност.

„Ако се чувствувате дека имате сигурна врска со парите, можете добро да оцените нешто. Но, ако сте несигурни, или го избегнувате, поверојатно е дека ќе бидете привлечени кон нездраво однесување“, објасни таа.

Овие ставови потекнуваат од воспитувањето на лицето: Дали биле богати или сиромашни, на пример, како нивното семејство управувало со парите и кој ги контролирал, додава Бекстром.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.