Сезоната на тим билдинг ја прогласуваме за отворена!

Пролетта е идеално време за нов почеток, за поставување нови цели, но и за дружење надвор од канцеларија (или дома). Што може да биде подобар начин за зајакнување на вашата employer branding стратегија од добро организиран тим билдинг? На крајот од денот на сите ни фали малку забава зар не?

team-building-1322-fi

Извор: Freepik / wirestock

Скиселени фаци и згрбавени раменици? Сè помалку вклучени камери на Zoom состаноци и меланхолична атмосфера во канцеларијата? Време е за тим билдинг! Нема подобар начин за враќање на енергијата од едно адреналинско размрдување на тимот и освежување на енергијата. Но, прашањето е која е вистинската идеја за одличен тим билдинг?

Прво на памет што ви доаѓа е да почнете со пребарување на Google за „идеи за тим билдинг“ и ќе налетате на статии што сугерираат „излети на терен“ и „активности за професионален развој“. Звучи како почетна точка, но каде е вистинската возбуда?

Македонија, со својата богата понуда на природни убавини и разнолика култура, нуди мноштво опции кои може да ги трансформираат вашите работни обврски во вистинско задоволство. Еве неколку предлози кои ќе го направат вашиот нареден тим билдинг незаборавен.

Tresure hunt

Оваа активност е одлична за истражување на нови средини и ги поттикнува тимовите да прават стратегија и да соработуваат под притисок.

treasure-hunt-1322-ps1

Извор: Freepik / prostooleh

Каде може да правите treasure hunt?

  1. Историски знаменитости:
    Цел: Тимовите следат знаци за да истражат историски места на пример – Старата скопска чаршија, Стоби, Хераклеа или живописниот Охрид. Секој траг води до зона каде читаат малку познати факти и го наоѓаат следниот траг.
    Предизвик: Решавање загатки базирани на историски факти
  2. Истражување на природата
    Цел: Истражување на природната убавина на пример кањонот Матка или некој од националните паркови. Трагите можат да бидат базирани на природни знаменитости, флора и фауна или географски карактеристики.
    Предизвици: Идентификување на специфични видови растенија или користење на GPS координати за да се најдат скриени предмети.
  3. Урбана авантура
    Цел: Тимовите истражуваат помалку познати места во својот град, откривајќи урбана уметност, скриени кафулиња и уникатни архитектонски дела. Знаците може да бидат поврзани со историјата на градот, ноќниот живот или културните случувања.
    Предизвик: Најдете и фотографирајте специфични уметнички дела или архитектонски детали, најдете локални уметници или решавајте загатки базирани на градски легенди.

Други предлози за тим билдинг:

  1. Јавање коњи во Галичник – Истражете ја недопрената природа на Галичник, вкусете го традиционалното галичко сирење и искусете го неверојатното чувство на вестернски стил на јавање. Кратка обука за јавање, тура низ падините на убавата Бистра и бескрајните пасишта. Јавајќи низ бескрајните полиња и карпести патеки, ќе искусите нешто сосема ново и поразлично. По адреналинската тура, заедно со тимот ќе уживате во традиционална месена пита, кашкавал и свеж зеленчук.
  2. Винска тура и гастрономска работилница – Сместени во познатите вински региони како Тиквеш или во лозјата околу Демир Капија, тимовите може да учат за локалното производство на вино. Дегустирање и идентификување на различни вина под водство на искусните сомелиери во македонските винарии може да биде вистинско хедонистичко искуство особено ако го искомбинирате со традиционални закуски.
  3. Љуботен – авантура на врвот – За тимовите кои сакаат да ги тестираат своите граници, врвот Љуботен е совршен избор. Освен што е еден од најпознатите врвови во Македонија, оваа локација нуди вистински предизвик за секоја авантуристичка душа. Организирањето на планинарски тури и ноќевање во планинарски домови може да биде одличен начин за зближување на вашиот тим.
  4. Shark Tank pitch session – И за крај за тимовите кои преферираат помалку авантуристички искуства, секогаш може да се симулира познатото реално шоу Shark Tank. 
team-building-gotvenje-1322-ps2

Извор: Freepik / pressmaster

Што е целта? 

Тимовите да развијат идеја за производ кој би можел да придонесе за подобрување на перформансите на компанијата или пак нешто ново кое би можело да се инкорпорира. Идејата секој тим ја презентира на панел пред т.н „ајкули“ или судии. Ова ја поттикнува креативноста и може да генерира нови идеи за компанијата, додека истовремено ги подобрувате вештините за презентација и на забавен начин учите едни од други.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.