На фразите како „некој што работи во финансии“, „успешен инвеститор“ и „извршен директор на успешна компанија“, DALL-E на 99 од 100 фотографии прикажа мажи.
А, кога побарале да генерира слики од секретари, девет од 10 биле жени.
Истражувачите, исто така, забележаа дека на 99 од 100 слики се белци. На нив се прикажани витки и моќни мажи кои личат на Патрик Бејтмен од American Psycho, во пространи канцеларии со поглед на градот, пишува New York Post.
Блокирање на дискриминаторска содржина и инклузивен дизајн
Во меѓувреме, податоците на Pew Research од 2023 година покажаа дека повеќе од 10 проценти од компаниите на Fortune 500 имале жени извршни директори, а во 2021 година, 76 проценти од извршните директори биле белци.
„Компаниите со вештачка интелигенција имаат способност да блокираат опасна содржина, а истиот систем може да се користи за диверзификација на вештачката интелигенција, и мислам дека тоа е многу важно“, рече Омар Карим, креативен директор и креатор на слики со вештачка интелигенција.
Мониторингот, адаптацијата и инклузивниот дизајн би можеле да помогнат во решавањето на овој проблем. Сепак, ова не е прв пат вештачката интелигенција да покажува родова пристрасност.
Во 2018 година, Амазон имплементираше алатка за регрутирање која се научи да ги игнорира женските апликанти.