Директорите носат одлуки со помош на AI
Според најновото истражување, меѓу 300 извршни директори во САД, не се потпираат на AI само за анализа на податоци, туку и за носење стратешки одлуки кои можат да го променат текот на работењето.
44% од нив изјавиле дека би ја промениле одлуката доколку AI понуди поинаков заклучок, а 38% се подготвени целосно да ѝ препуштат на AI кога треба да донесат важна одлука.
Најголема доверба раководителите имаат во способноста на AI кога треба да се анализираат податоци и да се формулираат препораки (52%), да идентификуваат ризици кои претходно останале незабележани (48%) и да предложат алтернативни планови (47%). AI сè повеќе наоѓа примена и во развој на производи, финансиско планирање и истражување на пазарот.
Рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот
Сепак, придобивките од вештачката интелигенција не завршуваат само во деловниот свет. Истражувањето покажува дека 39% од лидерите сметаат дека AI им помага да воспостават подобра рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот живот. Дополнителни 38% бележат позитивни ефекти врз менталното здравје, а 31% тврдат дека се чувствуваат помалку под стрес откако почнале да се потпираат на AI.
„AI стана дел од внатрешниот круг на доверба кај извршните лидери, но довербата не доаѓа без основа. Таа започнува со квалитетни податоци,“ порача Џеред Коил, главен директор за вештачка интелигенција во SAP за Северна Америка. Токму затоа, SAP го нуди решението Business Data Cloud, кое овозможува поврзување и хармонизација на податоци од сите делови на работењето.
Во ова време каде брзината и точноста сè повеќе се ценат, вештачката интелигенција стана не само алатка, туку и најдоверлив деловен советник. А можеби и нешто повеќе.
Извор: Web-mind.rs