Скопје на 3 ноември повторно ќе биде центар на регионалната e-commerce сцена. Во Националната опера и балет ќе се одржи 9. Регионална конференција за е-трговија – E-commerce Conference 2026, под мотото „From Wait to Go: E-comm at AI Speed!“.
Овогодишното издание ќе обедини над 900 учесници, повеќе од 30 говорници, 50+ партнери и претставници од повеќе од 12 земји, продолжувајќи ја мисијата на конференцијата да ја поврзува e-commerce заедницата од Македонија и регионот на едно место.
Програмата ќе се одвива паралелно на две сцени и ќе ги опфати промените што веќе ја обликуваат иднината на е-трговијата – од генеративна вештачка интелигенција и AI агенти, до дигитален маркетинг, YouTube и видео стратегии, потрошувачко искуство, дигитални плаќања, автоматизација, нови технологии и прекуграничен раст. Главната сцена ќе биде посветена на најважните трендови, искуства и дискусии за иднината на е-трговијата, додека паралелната Hands-on сцена ќе понуди практични сесии, алатки, стратегии и конкретни примери применливи во работењето. Меѓу потврдените говорници се експерти од Google DeepMind, Amazon, LinkedIn и Tesla, заедно со водечки професионалци и претприемачи од регионот.
Извор: E-commerce Conference 2026
Извор: E-commerce Conference 2026
Извор: E-commerce Conference 2026
Посебен фокус и оваа година е ставен на регионалното поврзување, размената на искуства меѓу различни пазари и создавањето нови деловни можности. Конференцијата ќе собере компании за е-трговија, fintech компании, банки, технолошки компании, платформи, агенции и стартапи од повеќе пазари во регионот.
Преку официјалната мобилна апликација, учесниците ќе можат однапред да пронајдат релевантни контакти и да закажат 1-на-1 состаноци, за кои ќе биде обезбедена и посебна зона за состаноци. Дополнителни можности за регионално вмрежување ќе понудат VIP Networking приемот и ексклузивната забава по конференцијата.
Со девет изданија зад себе, конференцијата веќе има изградено силна регионална заедница. Досегашните изданија имаат просечна оценка од 4,62 од 5, а 93% од посетителите би ја препорачале конференцијата.
Извор: E-commerce Conference 2026
Извор: E-commerce Conference 2026
Деветтото издание се реализира со поддршка на Visa како платинум партнер, КаСис како стратешки партнер, Иуте Македонија како fintech партнер, А1 Македонија како дигитален партнер, Diners Club и Ананас како златни партнери, Комерцијална банка, Сава Пензиско и Халкбанк како сребрени партнери, Минт, Сава Осигурување, Унибанка, Евроинс, РСМ, Акција 24, Пивара Скопје и Зегин како бронзени партнери, како и бројни други партнери и соработници.
Пријавувањето за конференцијата е во тек, а повеќе информации за програмата и билетите се достапни на ecommerceconference.mk.
Извор: E-commerce Conference 2026