На островот Хокаидо младата јапонска компанија Rapidus гради објект за производство на најсовремени чипови, кој според сегашниот курс на валути, се очекува да чини дури 32,4 милијарди долари.
Фабриките за чипови се генерално многу скапи и чинат најмалку пет до седум милијарди долари, додека поголемите и посложени фабрики достигнуваат до 12 и 15 милијарди, секоја од нив. Јапонската фабрика, сепак, далеку ќе ги надмине дури и тие огромни трошоци.
Rapidus планира во 2027 во фабриката во Читозе, Хокаидо, да започне со производство на логички чипови чии кола се со дијаметар од само два нанометри година. Станува збор за најсовремени полупроводници кои никој досега ги нема произведено и кои ќе овозможат функционирање на најмоќните компјутери и сервери.
Дијаметарот од два нанометри е на самата граница на она што во моментов е физички можно, а понатамошната минијатуризација на колата на чиповите би барала примена на сосема нова технологија.
Со изградбата на фабрика во Хокаидо, како и со привлекувањето на најголемиот светски производител на чипови, тајванската TSMC, да отвори два производствени капацитети за полупроводници во градот Кумамото на островот Кјушу, Јапонците сега сакаат да направат голем технолошки исчекор, бидејќи нивните компании извесно време заостануваат далеку зад странските конкуренти произведувајќи само чипови со помала моќност, со дијаметар од 40 нанометри и едвај држат 10% од светскиот пазар.
Извор: Freepik
Toyota, Sony и владата на Јапонија помагаат
Инвестицијата која е потребна за да почне да работи фабриката Rapidus во Хокаидо е толку голема, што досега не можеше да се собере потребниот капитал.
Имено, неколку приватни компании – лидери на јапонската индустрија, како Toyota и Sony, формираа фонд за финансирање на изградбата на фабриката Rapidus, а владата обезбеди и субвенции, но овој придонес досега е намален на еквивалентна вредност од само неколку милијарди долари.
Од друга страна, големите банки за возврат одбија да му дадат заем на Rapidus (основана во август 2022 година), бидејќи едноставно нема никакви резултати во минатото и постои сомнеж дали ќе може да ги развие потребните мрежи на клиенти за своите производи.
Затоа на компанијата и е потребна дополнителна, поголема помош од владата. На 24 јули, јапонскиот премиер Кишида го посети градилиште во Хокаидо, каде што вети дека владата ќе издаде државни гаранции за Rapidus. Со тоа ќе ги поттикнат банките да се вклучат во финансирањето на еден од најголемите поединечни проекти во историјата на земјата. Исто така, јасно е дека владата ќе продолжи постепено да дава субвенции за изградба на фабриката во Хокаидо.