Оваа промена доаѓа во време на значителен пораст на проекти во областите на машинско учење и генеративна вештачка интелигенција, каде Python се користи како клучна алатка.
Python е најкористениот програмски јазик
Python го симна JavaScript од тронот на најкористениот јазик на GitHub, според најновиот Octoverse извештај на оваа платформа.
Компанијата го припишува овој пораст на популарноста на големиот прилив на проекти од областа на „науката за податоци и машинско учење на GitHub “ со забележан пораст од 59% во бројот на придонеси за генеративни ВИ проекти.
Со оглед на тоа што Python интензивно се користи во машинското учење, науката за податоци и сродни области, овој подем има логично објаснување – помалку станува збор за тоа дека традиционалните софтверски инженери преминуваат на Python, а повеќе за тоа дека програмерите кои работат на проекти поврзани со вештачка интелигенција мораат да го користат.
Исто така, ова се одлични вести за open source заедницата, бидејќи GitHub изјавува дека 1,4 милиони нови програмери се приклучиле на open source заедницата на глобално ниво, при што мнозинството придонесува за проекти поддржани од комерцијални субјекти и генеративни ВИ проекти.
GitHub истакнува дека зголемената популарност на Python годинава „се поврзува со големите заедници на луѓе кои се приклучуваат на open source заедницата од STEM областите.“ Ова е очекувано, бидејќи Python се изучува во училиштата во Велика Британија, а веројатно и во други земји.
Најголемата предност на Python е неговата едноставна и прегледна синтакса, која одлично се справува со обработката на податоци. Тоа го прави популарен меѓу почетниците на сите нивоа, особено кај оние кои влегуваат во модерната „златна треска“ на вештачката интелигенција, пренесува порталот OMG Ubuntu.
За почетниците во програмирањето, Python е полесен за учење, разбирање и прилагодување од многу програмски јазици на пониско ниво.
Python, исто така, е стандардна компонента на десктоп Linux софтверските околини. Тој е прединсталиран на повеќето Linux дистрибуции, има богата библиотека за поддршка и може да се користи за креирање на интересни (и основни) кориснички интерфејси базирани на Qt, GTK и други алатки.
GitHub, исто така, забележува значителен пораст во користењето на Jupyter Notes, (што делумно е поттикнато од AI/ML проекти) и истакнува дека употребата на Rust иако сè уште заостанува зад Python, JavaScript, TypeScript и Java, е во пораст.
Извор: Web-mind.rs