Познато е дека во светот се користат најнапредните иновативни технологии за справување со глобалното горливо прашање за климатските промени. Па така, научниците создадоа дигитален близнак систем (digital twin system) наречен Destination Earth, или скратено DestinE, кој ќе создаде дигитален близнак на планетата Земја, а ќе се користи со цел да се помогне во борбата против климатските промени. Оваа иновативна дигитална близнак технологија ќе биде клучна во оптимизирањето на стратегиите за ублажување и адаптација за растечките климатски закани.
Системот DestinE ќе ги користи европските компјутери со високи перформанси (EuroHPC), како што е суперкомпјутерот LUMI во Кајаани, Финска, за да симулира екстремни временски настани и влијанието на климатските промени.
DestinE ќе ни обезбеди високо прецизен близнак на Земјата, на кој ќе можат да се набљудуваат еколошките предизвици и да се предвидат идните сценарија како никогаш досега, и сето тоа благодарение на научните достигнувања, cutting-edge технологиите и огромната моќ на суперкомпјутерите.
DestinE ќе го овозможи потенцијалот на дигитално моделирање на системот на Земјата на ниво што претставува вистински пробив во однос на точноста, локални детали, пристап до информации, брзина и интерактивност. Почетниот фокус ќе биде ставен на ефектите од климатските промени и екстремните временски настани, нивното социо-економско влијание и можните стратегии за адаптација и ублажување.
Како функционира DestinE?
Почетните системски карактеристики на DestinE вклучуваат платформа за основна услуга, која обезбедува кориснички пристап до услуги, алатки и апликации. Корисниците на DestinE, вклучително и ненаучни експерти, ќе можат да пристапат и да комуницираат со огромни количини на податоци од твин системот на Земјата, како и социо-економски податоци со цел:
- Да добијат многу прецизни, интерактивни и динамични симулации на системот на Земјата со информации од огромните збирки на податоци за набљудување, како на пример, фокусирање на тематски сегменти од општествена важност како што се регионалните влијанија на климатските промени, природните опасности, морските екосистеми или урбаните простори.
- Да се подобрат способностите за предвидување и да се максимизира соодветениот одговор. На пример, да се заштити биолошката разновидност, да се управува со вода, обновлива енергија или ресурси на храна и да се ублажат ризиците од катастрофи во светот што се менува.
- Да се поддржи креирањето и спроведувањето на политиките за климатските промени на ЕУ. На пример, да се процени влијанието на постојните еколошки политики и законодавни мерки и да се поддржи идно креирање политики засновано на докази.
- Да се искористи потенцијалот на дистрибуираните пресметувања со високи перформанси (HPC) и ракување со податоци во екстремни размери. На пример, преку интерактивна платформа која ќе хостира комплексни дигитални близнаци и сеопфатни алатки за развој и управување со модели базирани на аналитика, со целосен пристап до огромни количини на различни податоци.
Покрај ова, се очеккува и да се зајакнат индустриските и технолошките способности на Европа преку симулација и набљудување на целиот систем на Земјата и употреба на вештачка интелигенција (ВИ) за анализа на податоци и предвидливо моделирање, меѓу другите средства.
DestinE беше лансиран во 2022, а во јуни годинава беше иницијално активиран, што го означи почетокот на првата фаза. Системот континуирано ќе се развива, а до 2030 треба да го комплетира целосниот дигитален близнак на Земјата. DestinE е лансиран од Европската комисија (EC) во партнерство со Европскиот центар за временски прогнози со среден опсег (ECMWF), Европската вселенска агенција (ESA) и Европската организација за експлоатација на метеоролошки сателити (EUMETSAT). Оваа иницијатива ќе ја подобри подготвеноста на Европа за природни катастрофи, адаптација на климатските промени и проценка на потенцијалните социо-економски и политички влијанија.