Хаг забрани реклами за производи поврзани со фосилни горива

Општината на холандскиот град Хаг усвои закон кој забранува рекламирање на производи и услуги поврзани со фосилни горива, како што се автомобили со мотори на внатрешно согорување и долги летови. Со тоа, овој холандски град стана првиот во светот кој воведе ваква забрана.

fosilni-goriva-2172-fi

Извор: Freepik

Од 1 јануари 2025 година, рекламите за бензин и дизел, крстарења, авионски превоз и други производи што користат енергија од фосилни горива ќе бидат забранети на улиците на Хаг. По две години расправи за предлогот, холандската општина го изгласа законот, а неговата примена започнува следната година.

Како прв град во светот кој воведува ваква забрана, рекламите поврзани со фосилни горива нема да бидат дозволени на билборди, автобуските станици или на други јавни места. Забраната нема да ги опфаќа рекламите што промовираат општи брендови или оние што се наоѓаат на или внатре во згради каде што се нудат такви производи и услуги, како што се бензински пумпи, излози или железнички станици.

Забраната на реклами поврзани со фосилни горива првично беше критикувана заради нејзината изводливост. Предлогот за забрана на рекламирање на фосилни горива првично беше предложен од Партијата за животни (PvdD).

 „Рекламите за фосилни горива ги поттикнуваат луѓето да патуваат со авион или да купуваат загадувачки автомобили,“ изјави Роберт Баркер, еколошки советник на PvdD. „Тоа придонесува за климатската криза, додека ние сакаме да ја спречиме.“

Меѓутоа, според извештајот на Omroep West, партиите VVD, Hart voor Den Haag и PVV изразија загриженост дека забраната нема да биде правно одржлива и дека ќе се смета за „патронизирачка“ кон граѓаните. Со одредени измени во предлогот, како што се исклучоци за рекламите на или во згради каде што се одвиваат активности поврзани со фосилни горива, поголем дел од советниците (24 наспроти 21) гласаа во корист на предлогот.

Извор: Оdrzime.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.