За оваа „батерија на иднината“ ќе се обработуваат стари акумулатори од кои моментално се рециклираат само околу 40 проценти, а останатите се спалуваат. Се експериментира и со алтернативни суровини: „Рударскиот отпад содржи многу кобалт, никел и манган. Имаме фотоволтаични панели кои содржат силициум. Можеме и тоа да го искористиме“, објасни Купид.
„Главната цел е во Европа да станеме што понезависни со производство. Масовното производство е нешто што ние во Европа мораме повторно да го научиме, особено во областа на батериите“, рече шефот на истражувачката единица за батерии во AIT, Маркус Јан. Она што се гради во истражувачкиот центар би можело веднаш да се искористи во возилата. Тука не се води сметка само за одржливоста на материјалот, туку и за производството. Како да ја намалиме употребата на растворувачи во производството, како генерално да трошиме помалку електрична енергија и гас во производството? Во моментов е невозможно да се предвиди дали батериите развиени тука ќе можат да се произведуваат во големи количини и кои специфични типови на батерии ќе преовладуваат. Тоа зависи и од подоцнежната примена,“ рече Јан. „Одредени возила, на пример, бараат одреден тип на батерија, а електричните скутери може да бараат друг тип. Токму тоа го проучуваме: кој материјал е за која примена?“
Очекуваното времетраење на проектот е три години. Според експертите, ова е многу отворен, но ветувачки пат до „зелената батерија“. ЕУ го финансира австрискиот проект со милион евра.