Оваа есен, BIZBendovi ќе ја соберат бизнис заедницата околу музиката, тимскиот дух и енергијата што се создава кога колегите заедно ќе излезат од својата секојдневна деловна улога и ќе застанат на сцена.
На 7 октомври во Public Room, компаниските бендови ќе имаат можност да настапат пред публика, да ги претстават своите компании на поинаков начин и да покажат дека добрите тимови не функционираат заедно само во канцеларија.
Бизнисот добива нов ритам
BIZBendovi ги поврзуваат компаниите преку музика, дружење и тимски дух. Без разлика дали веќе имаат бенд или допрва ќе го формираат, сите компании се добредојдени на сцената.
Неколку проби, избран репертоар и добра енергија се доволни за почеток.
Силна медиумска поддршка за BIZBendovi 2026
Приказната за BIZBendovi оваа година ќе добие и широка медиумска поддршка. Официјални медиумски партнери на настанот се Булевар.мк, Утро.мк, Webmind, Убавина и здравје, Smartportal, Опсервер, Конект, Пари.мк, Tocka, Crnobelo и Иновативност.
Преку нивната поддршка, енергијата од сцената, приказните за компаниските бендови и луѓето зад нив ќе стигнат до уште поширока публика.
Време е за сцена
Пријавите за BIZBendovi 2026 се отворени за компаниски бендови од различни индустрии, без разлика дали веќе настапуваат заедно или ќе се оформат токму за оваа прилика.
Вашите пријави доставете ги на: [email protected]
Соберете ги колегите, изберете ги песните и започнете со пробите.
Се гледаме на 7 октомври во Public Room, на BIZBendovi 2026.