BIZBendovi 2026 ќе се одржат на 26 октомври во Public Room во Скопје, каде што вработени од различни компании ќе ги заменат канцелариите со микрофони, гитари и тапани и ќе покажат една поинаква страна од својот тим.
компаниски бендови
Повеќе
За некои колеги знаеме точно како работат, како реагираат кога има краток рок и какви се на состаноци. Но, многу помалку знаеме за тоа што прават кога ќе го затворат лаптопот. Можеби колегата кој преку ден анализира табели навечер седнува зад тапани, колешката која секојдневно ја гледаме на состаноци за викенд пее пред публика, а зад најтивкиот член на тимот се крие гитарист кој не пропушта ниту една проба.
Имате колега кој на секој тим билдинг прв го зема микрофонот? Некој кој по завршувањето на работниот ден ја заменува канцеларијата со проба со бендот? Или можеби токму вашиот тим е подготвен да покаже дека најдобрите бизнис тимови имаат и одличен ритам?
All articles loaded
No more articles to load