Webmind Редакција

Webmind Редакција

Грег Питерс CEO на Нетфликс, има визија да ја користи генеративната вештачка интелигенција за подобрување на storytelling линијата на креаторите. Компанијата користи ВИ веќе две децении во алгоритмите за препораки кои ги анализираат преференциите на корисниците.
На крајот на март Бијонсе го издаде долгоочекуваниот кантри албум „Cowboy Carter“ со песна насловена „Levii’s Jeans“. Компанијата за да привлече дополнително внимание за својот бренд дури привремено го смени своето име на Инстаграм во „Levii’s“.
Цените на златото достигнаа историски врв во исчекување на предвиденото намалување на референтната каматна стапка од страна на Централната банка на САД. Цената на златото на Gold Spot надмина $2,300 за унца на 3 април.
Турција е последната во низата земји што воведе дигитална номадска виза за странски работници на далечина. Турското Министерство за култура и туризам направи посебна веб-страница на која сите заинтересирани можат да аплицираат.
Иако секторот за ESG инвестиции се шири, а жените го потврдиле своето значење во него, сè уште е претежно доминиран од мажи. Според податоците од 2023 година, само 20% од менаџерите на инвестициско портфолио во Шпанија и Италија се жени, а само 5% жени имаат повисоки менаџерски позиции. Статистиките во Велика Британија и САД сè уште полоши.
Глобалните капацитети на ветроелектрани се зголемени минатата година за 117 гигавати, што е за 50 проценти поголем годишен раст во споредба со претходната година и доволно за да снабдува околу 80 милиони домови со полна сила.
All articles loaded
No more articles to load