Со последниот извештај за приходите на компанијата, Питерс ја наведе можноста за искористување на генеративната вештачка интелигенција за подобрување на можностите на платформата за storytelling. Иако останува загадочен во деталите, тој е уверен во капацитетите на Netflix да им обезбеди на креаторите иновативни алатки за создавање на попривлечни наративи.
Питерс е дел од Нетфликс од 2008 година, и ја нагласи подготвеноста на компанијата да ја шири употребата на ВИ, наведувајќи го користењето на такви алатки веќе две децении. Имено, препораките на Нетлфикс работат со алгоритам базиран на ВИ, кои се клучни во сугерирање на содржина скроена за индивидуалните преференции на корисникот надминувајќи ги класичните поделби по жанрови. При давање препораки за филмови и серии, алгоритмот работи со комбинирање на тематски сличности, повторувачи мотиви, дури и омилени актери или режисери. Алгоритмот работи дотаму совршено што и визуелните прикази на насловните фотографии за ист филм/серија се прикажуваат поинаку кај различни корисници во однос на нивните лични преференции.
Овие комплексни алгоритми, кои ја поддржуваат познатата персонализирана машина за препораки на Нетфликс, се покажаа исклучително ефикасни. Бројките покажуваат дека повеќе од 80% од содржините кои се изгледани во последните години се припишуваат на предлозите генерирани од алгоритмите, а не на рачните пребарувања. Преку учење на навиките и преференциите на гледачите, ВИ на Netflix успеа успешно да ја „измеша“ публиката и да им претстави содржини на гледачите вон нивните вообичаени жанровски преференции. Имено, „Stranger Things“ им беше препорачан на гледачи кои претходно избегнувале хорор, или пак случајот со содржини базирани на comic-book сценарија, преку приказните на Marvel.
Питерс ја истакнува незаменливата улога на вештачката интелигенција во подобрувањето на наративите, нагласувајќи ја способноста на AI да ги зголеми наместо да ги замени креативните напори на филмаџиите и креаторите на содржини. Препознавајќи ја сложеноста на изработката на привлечни наративи, тој го истакна потенцијалот на вештачката интелигенција да ги поддржи раскажувачите во креирање привлечна содржина преку откривање уникатни приказни за ангажирање на интересите на публиката.
Додека Нетфликс продолжува да ги развива своите системи со вештачка интелигенција како одговор на новите технологии, Питерс ја потврди важноста на раскажувањето приказни и компанискиот фокус кон таа цел. На крајот, Питерс верува дека вештачката интелигенција може да послужи како вредна алатка за зајакнување на креаторите да ги оживеат своите визии за раскажување приказни, нагласувајќи ја колаборативната синергија помеѓу човечката креативност и технолошките иновации.