Иако Levi’s не сподели никакви податоци за ефектот што го има Бијонсе врз продажбите, податоците на Pass_by велат дека посетите на продавниците на Леви се зголемиле за 20% во текот на неделата на католичкиот Велигден во споредба со просекот од Велигденската недела во последните три години.
„Денимот го доживува својот момент, а ширум светот особено моќен е оној на брендот Levi’s“, изјавила извршната директорка на Levi’s, Мишел Гас, во разговор со економски аналитичари. „Мислам дека нема подобро од тоа некој како Бијонсе, кој е обликувач на култура, да именува песна по нас“.
И пејачката и фармерките се американски класици. „Levi’s, оригиналниот американски бренд, природно и одговара на Бијонсе“, рече Шина Батлер-Јанг, виш дописник на платформата Business of Fashion. „Таа … ја има вистинската комбинација на класично и достапно – но не и евтино“.
Но, Батлер-Јанг предупредува дека ефектот на Бијонсе нема да трае вечно за Levi’s. За да продолжи „успехот во приходите“, рече таа, клучна задача е да им се додворуваат на помладите купувачи со маркетинг и производи и да ја прошират својата привлечност надвор од единствениот главен производ. Бијонсе, го започна ова, но на Levi’s останува да го продолжат.