Земјата се надева дека ќе ги привлече дигиталните номади на дестинации како Истанбул, Даламан на југозападниот брег и Измир на запад.
„Илјадници стари антички градови, уникатни заливи скриени меѓу шуми, тиркизни мориња, динамични луѓе, големи градови; Турција има сѐ“, се наведува во промоцијата на визите. „Покрај тоа, оваа прекрасна земја е една од најголемите земји во светот во однос на економијата и бизнисот, со силни инфраструктурни услуги.“
Кој има право на турска дигитална номадска виза?
Оние кои се заинтересирани за турската дигитална номадска виза мора да бидат на возраст помеѓу 21 и 55 години. Се прифаќаат апликанти од повеќето земји на ЕУ, како и од Велика Британија, САД и Канада.
Дополнителните предуслови вклучуваат универзитетска диплома, договор за работа и способности кои ќе оправдаат месечен приход од 3.000 долари (2.800 евра) или годишен приход од 36.000 долари (33.800 евра).
Како да се пријавите?
На наменската веб-страница „Digital Nomad GoTürkiye“, апликантите можат да се регистрираат и да ги прикачат своите документи, вклучувајќи пасош со најмалку шестмесечна важност и фотографија.
Доколку апликацијата биде прифатена, ќе ви биде издаден сертификат за идентификација на дигитален номад што можете да го однесете во турскиот центар за издавање визи или конзулатот во вашето место на живеење.
Веб-страницата за дигитални номади, исто така, промовира дестинации низ целата земја како главни места за работниците од далечина, пишува Euronews Business.
Истанбул е „деловен центар со големи компании и мали старт-апи, метропола со 20 милиони жители, место во кое се среќааваат различни култури и историски центар каде што се спојуваат патиштата на милениумските цивилизации“.
Според веб-страницата, дигиталните номади ќе наидат на силна транспортна инфраструктура со многу метро и автобуски линии и фериботи меѓу европската и азиската страна. Исто така, лесно е да се најдат комплетно опремени станови за изнајмување.
Даламан, на брегот на Егејското Море, „нуди одлични можности за транспорт, лесно бегство од гужвата, импресивен избор на слободни активности и силна инфраструктура за оние кои сакаат да работат од овој рај на Земјата“.
Измир, исто така на Егејското Море, е идеален за оние кои сакаат убаво време во текот на целата година и плажи со сино знаменце.