Паметен телефон што јужнокорејската организација Daily NK успеала да го прошверцува од Северна Кореја понудил редок увид во дигиталниот живот под најстрогиот диктаторски режим во светот. Уредот завршил кај новинарите на BBC, кои ја анализирале неговата намена и функции. Иако визуелно изгледа како просечен телефон каков што гледаме секаде, неговата внатрешност крие застрашувачка алатка за тотална контрола. Наместо апликации и слобода на избор, софтверот е исклучиво фокусиран на државен надзор, автоматска цензура и пропаганда.
Webmind Редакција
Webmind Редакција
Еден од најочекуваните продолжетоци во светот на видео игрите конечно го доби својот прв јавен приказ. Не, не се работи за GTA VI, туку за четвртиот дел од познатата сага The Witcher.
Rakuten Viber најави низа нови функционалности дизајнирани да им помогнат на корисниците поефикасно да откриваат и комуницираат со мали претпријатија. Овие подобрувања се дел од Viber бизнис профилите, кои им овозможуваат на сопствениците на мали бизниси да одржуваат професионално присуство на Viber и да ги промовираат своите производи и услуги.
Во ера кога индустриското производство сe повеќе се потпира на податоци и автоматизација, традиционалните сектори, како што е индустријата на челик, се соочуваат со сe поголем предизвик: како да се направат комплексните процеси поефикасни, побрзи и поодржливи. Овој предизвик е особено изразен кога компанијата бележи раст – со зголемениот обем на работа расте и потребата од модернизација и подобрување на софтверската инфраструктура.
OpenAI претстави нови можности во рамки на ChatGPT кои се особено корисни за деловните корисници. Меѓу најистакнатите новитети се снимање состаноци и автоматска изработка на транскрипти со временски ознаки, како и поврзување со популарни сервиси за чување документи како Google Drive, Dropbox, Box, SharePoint и OneDrive.
Сте се запрашале ли некогаш зошто речиси секоја прошетка низ град завршува во шопинг мол и уште почесто со барем една кесичка во рака? Дали навистина ни требаше нов пар чевли, нов парфем, или само ни требаше чувство дека постоиме во овој забрзан свет? Некогаш местата за собирање беа плоштадите, библиотеките,паркови. Денес? Шопинг моловите. Стаклени универзуми полни со брендови, светла и мириси што мамат, без разлика дали си тргнал да купиш или „само да прошеташ“, големи се шансите дека ќе излезеш со кесичка во рака.
All articles loaded
No more articles to load