Локално пребарување
Корисниците можат да ги пронајдат профилите на претпријатијата преку пребарување на името на бизнисот или преку одредена категорија во апликацијата. Резултатите од пребарувањето се прилагодени според локацијата на корисникот и ги прикажуваат само фирмите кои се наоѓаат во истата земја. Благодарение на функцијата Локално пребарување, резултатите се дополнително прецизирани по региони, што помага корисниците да откријат компании од својата околина кои се присутни на Viber.
Бизнис повици
Претпријатијата сега можат да им овозможат на корисниците да ги повикаат директно преку Viber апликацијата, дури и ако не го имаат нивниот телефонски број. Функцијата Бизнис повици им овозможува на корисниците да воспостават гласовни и видео повици преку бизнис профилот, со заштита на приватноста – се прикажува само името и логото на фирмата, додека бројот на сопственикот останува скриен. Оваа опција овозможува сигурна и директна комуникација помеѓу корисниците и бизнисите.
Овие функционалности претставуваат продолжение на развојот на бизнис профилите за малите локални претпријатија во Регионот, кои Rakuten Viber ги воведе во текот на 2024 година.
„Овие нови функции им овозможуваат на корисниците побрзо да ги најдат релевантните бизниси и лесно да стапат во контакт со нив“, изјави Ритеш Шах, генерален директор за финансиски технологии и потпретседател за бизнис решенија во компанијата Rakuten Viber. „Тие се дел од нашата мисија да станеме супер апликација и за корисниците и за претпријатијата. Со овие додатоци, дополнително ја зајакнуваме Viber платформата и помагаме корисниците да се поврзат со локалните услуги.“
Повеќе информации за производот се достапни тука: https://lp.viber.com/smb_rs_pr
Извор: web-mind.rs