Телефон што го менува „oppa“ во „другар“
Користењето на уредот е под постојан надзор: ако корисникот се обиде да напише забранети зборови како „Јужна Кореја“ или јужнокорејскиот израз за брат/дечко („oppa“), софтверот автоматски ги менува тие поими со термини одобрени од режимот, на пример „марионетска држава“ или „другар“. Секој обид за комуникација што излегува надвор од државниот наратив – веднаш се блокира или се коригира.
Снимка од екранот на секои пет минути
Вградениот шпионски систем оди чекор понатаму – телефонот автоматски прави снимка од екранот на секои пет минути и ги чува во таен директориум до кој корисникот нема пристап. Така режимот следи сe – пораки, содржини, апликации, фотографии. Апсолутно се.
Режимот дополнително ги заострил мерките. На улиците патролираат младински групи кои ги запираат младите Севернокорејци и им ги проверуваат телефоните – во потрага по траги од јужнокорејски филмови, серии или музика.
И покрај сета таа контрола, содржините од југот сепак наоѓаат пат до народот. Многу луѓе што успеале да избегаат велат дека токму јужнокорејските емисии биле пресудниот фактор што ги натерал да ја напуштат земјата. Зашто понекогаш и неколку сцени од слободниот свет – се доволни за да се смени животот.
Извор: web-mind.rs