Студиото CD Projekt RED објави технички демо, што значи дека фановите не добија вистинска „gameplay“ презентација, туку демонстрација како играта може да изгледа во новата средина Unreal Engine 5, во која се развива моментално. Со други зборови, сè уште не знаеме точно како ќе се игра, но веќе знаеме дека ќе изгледа спектакуларно.
Без оглед на тоа, фановите се воодушевени. Меѓутоа, оние кои се надеваа дека Witcher IV ќе излезе веќе следната година, ќе мораат да бидат трпеливи. Имено, од CD Projekt јасно порачаа дека играта нема да се појави пред крајот на 2026 година.
За време на неодамнешната презентација на финансиските резултати, финансискиот директор на компанијата, Пјотр Њелубович, изјави:
„Единственото што во овој момент можеме да го потврдиме на инвеститорите е дека играта нема да биде лансирана во рамките на нашиот прв целен временски период – кој трае до 31 декември 2026 година.“
На прашањето дали постои можност играта да излезе во 2027 година, од компанијата не сакаа ниту да потврдат, ниту да исклучат таква опција. Со други зборови – Witcher ќе го нема уште некое време.
Што всушност е Witcher?
The Witcher е фантастична серија која ја следи приказната на Гералт од Ривија, самотен и циничен ловец на чудовишта – мутант со натчовечки способности, обучен да ги штити луѓето од разни чудовишни закани. Иако ги штитат, општеството често ги отфрла, сметајќи ги за непожелни.
Игрите од оваа серија се познати по својата мрачна атмосфера, морално сиви избори и богат свет инспириран од словенската митологија.
Најпознатиот дел од франшизата, The Witcher 3: Wild Hunt, излезе во 2015 година и веднаш стана класик. Играчот ја презема улогата на Гералт додека се обидува да ја пронајде својата посвоена ќерка Цири, која ја прогонува злокобната Дива Хајка. Комбинацијата на епска приказна, огромен отворен свет и задачи кои го менуваат текот на приказната ја направија оваа игра едно од најголемите RPG остварувања некогаш.
Како и во случајот со GTA VI, фановите на Witcher чекаат на продолжението веќе повеќе од една деценија. Иако техничкиот демо ја разбуди надежта и го поттикна интересот, јасно е дека на конкретна игра ќе треба уште да почекаме. Најрано – во 2027 година.
Извор: web-mind.rs