Новиот фетиш на брендовите: Машина што не продава, туку те тера да ја снимаш 17 пати

Новиот фетиш на брендовите: Машина што не продава, туку те тера да ја снимаш 17 пати

brend-3650-fi

Извор: backlash.co.uk

Машината беше само резервен план ако касата не работи. Денес? Главнаѕвезда. Го заменува билбордот, продавницата, pop-up настанот и понекогаш  и самата смисла на брендот.

Веќе ги гледаме насекаде – од лондонски метро цветарници до Kylie Skin на аеродром. POP MART, Glossier, Sephora, па дури и Moet  – сите го трансформираат стариот vending во ново retail/PR/UX чудо. Бидејќи денес никој не сака да влезе во продавница, ама сите сакаат да стават story од автоматот.

brend-3650-ps1

Извор: etechrentals.com

Во регионот?
BÉBÉ by Dunja пред неколку месеци покажа како се прави. Поп-ап вендинг машина во ТЦ Галерија, Белград – која не само што продава производи, туку ти продава feeling дека си дел од нешто што вреди да се снима.

brend-3650-ps2

Извор: journal.rs

А зошто функционира?

  • Затоа што е шарено.
  • Затоа што се движи.
  • Затоа што се отвора.
  • И затоа што си ти тој што избира, клика, влече.

И да, затоа што изгледа кул на TikTok. Ајде да бидеме искрени.

Плус, ги нудат и следниве супермоќи:

  1. Интеракција: корисникот не е купувач – туку учесник во мини-шоу.
  2. Виралност: колку е пошарена машината, толку поголема шансата да заврши на Reels.
  3. Флексибилност: денес тука, утре во следниот мол.
  4. Data, darling: ги чита твоите желби пред да ги посакаш.

Glossier не продава само кармин – продава момент каде изгледаш како Pinterest девојка додека го купуваш. Revolut не е само финтек бренд – туку и бренд што ти ја печати картичката додека го фоткаш автоматот. Цвеќара на метро станица? Тие ги спасуваат заборавените годишнини со букет од машина што мириса на добра идеја.

Но има мал catch. Мора да бидеш таму каде што корисникот ќе рече „ај ќе видам што е ова“. Аеродром? Универзитет? Центар на град? Да. Паркинг пред маеркет? Не баш.

brend-3650-ps3

Извор: Bizbash.com

И на крајот – вреди ли?

Да, ако сакаш да бидеш бренд што не се труди да продава – туку си игра и некако… заработува по пат.
Да, ако си сфатил дека „immersive“ значи да имаш нешто што се мрда, се осветлува и те става во mood. Машината е новиот flagship store. Со далеку помал буџет и далеку поголем „WOW“.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.