Тивкиот бунт на генерацијата: Како Gen Z ја менува дефиницијата на деловниот успех?

Ако постарите работници и раководители имале чувство дека припадниците на генерацијата Z ги гледаат со мешавина од презир, инает и незаинтересираност не се излажале. Тој израз на лицето дури доби и официјално име: „Gen Z поглед“, визуелен еквивалент на превртување со очите.

generacija-4110-fi

Извор:

Менаџерите ширум светот со олеснување воздивнаа, бидејќи конечно постои име за однесување кое ги збунува уште од времето кога феноменот на тивките откази за време на пандемијата стана симбол на ставот и самодовербата на помладата генерација, пишува CNBC Make It.

Истражувачите кои се занимаваат со меѓугенерациски односи во работната средина забележуваат сè поголем јаз помеѓу очекувањата на постарите генерации и вредностите што ги негуваат помладите вработени. Додека постарите често очекуваат амбиција, натпреварувачки дух и стремеж кон постигнувања, Gen Z нуди нешто сосема поинакво, тивко, но јасно отфрлање на сето тоа.

Успехот повеќе не е вредност

Во рамки на сеопфатно истражување на вредностите на работното место, повеќе од 30.000 испитаници ги рангирале 15-те клучни животни вредности. Кај припадниците на Gen Z генерацијата, вредноста „постигнување“ дефинирана како стремеж да се биде успешен, импресивен или признат, се наоѓа дури на 11-то место. Уште поинтересен е податокот дека дури 65% од младите веруваат дека таа вредност веќе има преголемо влијание врз нивните животи.

Со други зборови, Gen Z не само што не се стреми кон победа и статус, туку активно ги отфрла.

generacija-4110-ps1

Извор: Freepik

Поглед кој порача: „Ова не е мојата трка“

Т.н. Gen Z поглед најчесто се појавува во деловното опкружување кога помладите вработени ќе добијат задача, ќе бидат корегирани или ќе се соочат со нешто што сè уште не го знаат.

Иако не изговараат многу, нивниот израз на лицето како да кажува: „Не ми ги наметнувај твоите вредности, не ме интересира твојата амбиција, работната етика и потребата постојано да победуваш.“

Таквиот став е забележан и за време на фокус групи со студенти, каде припадниците на Gen Z директно прашале: „Зошто работата мора секогаш да победува? Зошто успехот е толку важен?“

Во истражувањето, наместо постигнувањето, Gen Z најмногу ги вреднува поимите како:

  • Благосостојба – грижа за себе, внатрешна рамнотежа, мир
  • Глас – автентичност, право на самоизразување

Дури 85% од испитаниците од оваа генерација една од овие две вредности ја ставиле во своите топ пет.

Пазарот на труд се менува и можеби нема да има разбирање

Додека за време на пандемијата многу компании се обидуваа да им удоволат на барањата на Gen Z генерацијата за порамнотежен живот, денес ситуацијата е поинаква. Развојот на вештачката интелигенција и технолошката автоматизација ги менуваат правилата на игра, а пазарот на труд сè повеќе преминува од пазар на работници во пазар на работодавачи.

Во тој контекст, вредностите кои до неодамна изгледаа застарено како натпреварувачкиот дух и желбата за успех повторно добиваат на цена. Менаџерите за вработување веќе ги менуваат критериумите: кандидатите водени од постигнувања, некогаш сметани за премногу амбициозни, сега стануваат барана стока.

Иако се ретки, припадниците на Gen Z кои го негуваат овој став веројатно ќе се истакнат најлесно не само по биографија, туку и по погледот со кој возвраќаат.

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.