Што ако вашите Google пребарувања можат да ви ја пронајдат љубовта на животот?

Сајтовите за запознавање и дејтинг апликациите во денешниот дигитален онлајн свет во кој живееме се нормална појава, и речиси сите функционираат на сличен начин како традиционалните социјални мрежи на кои корисниците си создаваат свој профил, без разлика дали во прашање е Tinder, Bumble, OkCupid и др.

google-3802-fi

Извор: freepik

Но, од неодамна постои и нешто друго – нова платформа за запознавање која ветува „љубов во замена за твојот browser history“, пишува Wired. Да, правилно прочитавте: треба да ја споделите вашата историја на пребарување за шанса за perfect match.

Дали би ја споделиле својата историја на пребарување за да може алгоритмот да ве спои со вашата сродна душа според пребарувачот? (Во моментов сигурно ви надоаѓаат сите смешни, чудни или пак срамни пребарувања кои сте ги правеле, но без грижи – сите ги прават).  Колку и да звучи откачено и лудо, сепак има нешто интригирачко и логично во оваа провокативна приказна, која е дело на белгискиот уметник Дрис Депортер. Идејата е јасна: „нашминканите“ самопретставени профили да бидат заменети со бруталната искреност на вашиот веб-прелистувач.

Како функционира?

Платформата Browser Dating ве спојува според тоа што го гуглате. Или со други зборови, Google е вашиот Купидон! За да се приклучите, мора буквално да ја разголите својата дигитална душа, односно да ја прикачите историјата на вашите последни до 5000 пребарувања. Потоа AI ги претвора тие податоци во ваш профил на пребарувања, без „разубавувања“ со избрани слики и мудри фрази. Системот ве спојува со слични „чудаци“, прикажувајќи ги само забавните поклопувања на вашите интереси, без да ја отвора целата историја.

google-3802-ps1

Извор: Freepik

Реакциите за оваа нова и експериментална дејтинг платформа се поделени: едни го фалат предизвикот и смелоста, додека други негодуваат, нарекувајќи ја крајно чудна.  

Се поставува и прашањето на приватноста бидејќи воопшто не е мала работа да се  споделуваат интимни пребарувања, но креаторот уверува дека податоците се чуваат локално и ништо не протекува онлајн.

На крај, Browser Dating нè наведува на едно прашање: што ако токму тие срамни, бизарни прашања што ги бришеме од историја на Google се клучот да најдеме некој што навистина нè разбира? Би ja споделиле ли Вие своjата browser историја за љубов на прв клик? Или пак да го поставиме прашањето од друга перспектива: во денешниот свет на пост-вистина, можеби најлогичниот одговор е вакво екстремно, радикално барање на искреност? Прашања од милион долари!  

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.