Мислите дека сте зафатени? Запознајте го кореографот кој во Милано тренира 16 лизгачи од 13 земји

Тренирањето на еден олимпиец на Зимските олимписки игри веќе звучи како исцрпувачка, немилосрдна посветеност на живот кој е емоционално и физички интензивен. А замислете како изгледа да тренирате 16 такви. Запознајте го Беноа Ришо човекот кој во Милано и Кортина 2026 ќе има најмногу појавувања во тимовите, но и најмногу јакни. Тој тренира седуммина спортисти кои настапуваа во текот на еден ден, но на Игрите се наоѓа со уште девет други. Вкупно 16 лизгачи кои ги води настапуваат за дури 13 различни земји.

lizganje-5376-fi

Извор: AP Photo/Ashley Landis

Внимателните гледачи на машката кратка програма во уметничко лизгање во вторникот можеби имаа чувство на déjà vu кога камерите го прикажаа грузискиот лизгач Ника Егадзе покрај неговиот тренер, а потоа, само неколку минути подоцна, истиот човек во јакна на репрезентацијата на Канада, како го прегрнува Стивен Гоголев.

Иако овој 38-годишник е еден од најплодните автори на кореографии на најголемата сцена, не е невообичаено уметничките лизгачи да делат тренери и кореографи. Правилата им дозволуваат на тренерите да работат со спортисти од повеќе држави, дури и кога тие меѓусебно се натпреваруваат. Затоа, подгответе се често да го гледате Беноа Ришо и во наредните денови.

Претставува 13 земји и носи 13 различни јакни

Со густиот распоред доаѓа и тежок куфер. Ришо го привлече вниманието на јавноста со честите промени на јакните во „kiss and cry“ зоната, па неговите комбинации на облека станаа речиси исто толку интересни колку и настапите на неговите лизгачи.

Помеѓу натпреварите на неколку свои спортисти, тој мора брзо зад кулисите да ја промени јакната на националниот тим, за потоа повторно да се појави покрај мразот и да го следи следниот настап дишејќи го секој такт на сите 16 рутини.

„Тоа е организација. Сè мора да биде брзо“, изјави Ришо за BBC Sounds. „Обично сè оставам во соблекувалната на лизгачите. Обично тоа не ми е дозволено, но овде ми допуштија да оставам некои работи. Многу се љубезни. Ако не, секогаш постои водач на тимот или менаџер на репрезентацијата кој ги чува јакните и ми ги носи.“

Под сите тие јакни, Ришо е препознатлив по својот црн стил на облекување, но Милано Кортина 2026 од него ја извлекува најупадливата и најсјајната верзија.

Зошто е Беноа Ришо толку популарен во светот на уметничкото лизгање

И Беноа и неговата „екипа“ лизгачи делуваат како совршено да се вклопиле во Италија. И не е ни чудо: последните пет години Ришо летата ги поминува така што го изнајмува Спортскиот центар во Курмајер, на северозападот на Италија, каде што работи еден на еден со олимписките кандидати и ја усовршува прецизната уметност на создавање програма достојна за најголемата сцена.

„Олимписките игри се грал, најважната работа. Затоа сакам да дојдам со нешто поинакво“, изјави Ришо за Olympics.com.

„Би сакал да направам нешто поголемо за уметничкото лизгање“, додаде тој. „Ќе се обидам на публиката да ѝ донесам нешто подлабоко и поголемо и за љубителите на лизгањето и за оние кои не се тоа. Сакам лизгањето повеќе да го поврзам со уметноста.“

Уметничкото лизгање е уметност само по себе, можеби роднина на балетот на сечила, со елеганција која делува како некој да црта со невидливи бои по мразот. Ришо креираше кореографии инспирирани од Винсент ван Гог и блокбастер филмови. Внимателно се потпира на апстрактниот минимализам и е голем обожавател на Анри Матис.

Тој очигледно ја гледа својата улога не само како кореограф, туку и како режисер и писател. За него тоа е раскажување приказни – storytelling.

  • „Нема да бидам задоволен ако мојата работа како кореограф биде само правење кореографија.“
  • „Мораме да се обидеме да донесеме нешто повеќе од самиот спорт. Тоа мора да биде речиси филозофски. Мора да биде духовно.“
  • „Секогаш се обидувам да донесам приказна. Секогаш се обидувам луѓето да почувствуваат емоција. Секогаш се обидувам да го привлечам вниманието на различни луѓе, не само на фановите.“

Неговите тренинзи, според зборовите на некои спортисти, се слични на терапија.

„Со лизгачите со кои сум најблизок и со кои најмногу работам, понекогаш имам чувство дека можам да ги почувствувам отчукувањата на нивното срце во себе, дека чувствувам целосна поврзаност со она што се обидуваат да го прикажат“, изјави Ришо за Olympics.com.

„Не сфаќаме, но многу луѓе се борат и можеби не се среќни. И мислам дека гледањето уметничко лизгање може да им пружи нешто поинакво прилика да бидат слободни. Може да им даде прилика да се исклучат од сè, а можеби и повторно да се поврзат со своите вистински емоции и чувства.“

Извор: bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.