Генерацијата Z, како генерација на дигитални домородци, радикално го промени начинот на кој компаниите мора да пристапуваат кон ангажманот на клиентит. Но, како брендовите можат успешно да ја искористат оваа профитабилна демографија? На панел дискусијата, индустриските експерти од некои од најголемите платформи кои влијаат на Gen Z ги открија клучните стратегии за освојување на оваа моќна генерација.
Во панелот учествуваа Кејт Мелет, директор за глобални партнерства во Snapchat, Мајкл Коркоран, менаџер за дигитален маркетинг во Ryanair, и Сандер Петерс, лидер во бизнис маркетинг во TikTok. Тие ги споделија клучните стратегии за освојување на оваа динамична и влијателна демографска група.
Разбирање на вредностите на генерацијата Z
Еден од најголемите предизвици за брендовите е разбирањето на вредностите и однесувањето на генерацијата Z. Тие даваат приоритет на автентичноста, инклузивноста и транспарентноста – и можат брзо да забележат кога брендот не е оригинален. Кејт Мелет од Snapchat објасни како брендовите можат да ги искористат извонредните, интерактивни искуства на платформата, како што е зголемената реалност (AR), за да се поврзат со генерацијата Z на начини кои се чувствуваат автентично и привлечно. Разиграниот, но сепак длабоко личен стил на комуникација на Snapchat им овозможува на брендовите да создадат емотивни врски кои се очекувани од оваа публика.
Можете да ја изградите вашата култура со публиката со која се поврзувате. Како што често велиме „Ние не сме платформа за социјалните медиуми, ние сме Snapchat. Нашата кампања „Помалку #социјални #медиуми, повеќе #Snapchat“ ја привлече генерацијата Z да се поврзат со #Snapchat затоа што веруваат дека нивната заедница и пријатели со кои се поврзани се таму пред нив“, заклучи Мелет.
Извор: WebMind Редакција
Лојалност преку ангажман
Gen Z се интересираат за интеракција и забава. Мајкл Коркоран од Ryanair објасни како авиокомпанијата користи хумор во својата екстерна комуникација за да изгради силна лојалност на брендот. Ryanair успешно го проби патот на социјалните мрежи до генерацијата Z со прифаќање на автентичноста и забавата во нивната содржина. Коркоран ја сподели социјалната стратегија на Ryanair која вклучува не само промоција на услуги, туку и директна комуникација во реално време со помладата публика, секако на социјалните мрежи.
„Работете со кратори, не создавајте сопствена органска содржина бидејќи не може да понуди автентичност“, советува Мајкл од Ryanair како успешна стратегија.
Моќта на TikTok: Виралност и интеракција
TikTok е можеби ултимативната платформа за пронаоѓање на генерацијата Z, со можноста за создавање вирална содржина која брзо се шири. Сандер Петерс истакна дека брендовите можат да ги искористат предностите на алгоритмот на #TikTok за да генерираат органски досег и да создадат вирални моменти кои ја исполнуваат желбата и очекувањата на генерацијата Z за брза содржина. Петерс сподели совети за тоа како брендовите можат да создадат содржина што не е само забавна и за споделување, туку и значајно се поврзува со вредностите на генерација Z.
Заклучокот на Сандер како експерт и екс. вработен во Google и LinkedIn е дека генерацијата Z има различен опсег на внимание што значи дека сакаат:
- Структура во приказната според која генерација Z донесуваат одлука.
- Стимулација – интерактивни реклами за да се задржат и вратат.
- Генерацијата Z гледаат долги видеа на #TikTok и треба да бидете добри за вашето видео да привлече внимание.
„TikTok нема да може да постои без креаторите. И стратегијата на TikTok треба да биде да им дозволи на креаторите да создаваат, а не да интервенираат. Креаторите го градат идентитетот, а не обратно,“ – заклучи Сандер.
Панел-дискусијата претстави драгоцени увиди во тоа како брендовите можат да се поврзат со генерацијата Z – публика што ја претставува иднината на потрошувачите и што може да биде клучен фактор за долгорочен успех на пазарот.