Semrush

Повеќе

Вториот ден од Spotlight конференцијата, каде индустриските лидери ги споделуваа своите најуспешни практики за градење силни бренд приказни, заврши со една од најинтересните сесии – како да се засили приказната за вашиот бренд со помош на вработените.
На панел-дискусијата Пазар Вреден 360 Милијарди Долари- Како да ја освоиме генерацијата Z “ одржана во рамките на Spotlight конференцијата во Амстердам, индустриските лидери ги споделија своите стратешки согледувања за тоа како компаниите можат да го привлечат вниманието на генерацијата Z – генерација што веќе има значајно влијание врз глобалниот пазар и го менува начинот на кој брендовите се поврзуваат со своите потрошувачи.
Во светот на маркетингот, каде податоците и технологијата се преплетуваат, вештачката интелигенција (ВИ) веќе не е само алатка – таа станува движечка сила. На вториот ден од Spotlight конференцијата во Амстердам, Макс Рашер, основач на TheLazyMarketer, ги сподели своите визионерски стратегии за користење на вештачката интелигенција во маркетинг кампањи, покажувајќи како технологијата може да ги редефинира креативните пристапи и да го подобри ангажманот со клиентите.
Вториот ден од Spotlight конференцијата во Амстердам донесе значајни увиди во моќта на заедниците на социјалните медиуми. Елфрид Самба, извршен директор и ко-сопственик на Butterfly 3ffect и поранешен раководител на социјалните медиуми во Gymshark, сподели како успешното градење и одржување на ангажирана заедница може да го трансформира растот на еден бренд.
Во дигиталната ера каде вниманието на потрошувачите е како златна валута, брендовите се натпреваруваат не само за видливост, туку за вистинска врска со својата публика. На Spotlight конференцијата во Амстердам, Аднан Фалиун, маркетинг директор за EMEA во Mastercard, отвори нови хоризонти за тоа како брендовите можат да ги користат предностите на повеќеканалниот маркетинг за да постигнат одржлив успех.
Вториот ден од Spotlight конференцијата во Амстердам донесе вистинско освежување во светот на дигиталниот маркетинг. Џон Торнтон, Creative Copywriter во SURREAL, со својата харизматична и инспиративна презентација, откри како забавната и разиграна содржина – која многумина би ја нарекле „глупост“ – може да се трансформира во силен двигател на продажбите.
All articles loaded
No more articles to load