Кога комуницирате со вашите контакти на LinkedIn, важно е да користите соодветен тон и начин на обраќање за да оставите позитивен впечаток и да одржите професионално ниво на комуникација. Многумина ги започнуваат своите објави со „драги контакти“, што често знае да звучи непријатно, барем на нашиот јазик.
И тука се поставува прашањето – кој е вистинскиот начин за да им се обратите на своите контакти на LinkedIn.
Драги контакти
Овој начин на обраќање е широко прифатен и се користи кога сакате да им се обратите на сите ваши контакти на LinkedIn, без разлика на нивната индустрија или ниво на искуство. Ова е неутрален и професионален начин на обраќање кој покажува почит кон сите ваши контакти.
Во регионов на LinkedIn во последно време се води дебата околу овој начин на обраќање, па почнаа да се шират и шеги на таа сметка.
Извор: Freepik / donidas
Драги колеги
Оваа фраза почесто се користи кога им се обраќате на луѓе од истата индустрија или професија. На пример, ако сте во ИТ секторот и пишувате објава која е релевантна за други ИТ професионалци, „драги колеги“ може да биде поадекватен начин на обраќање.
Како и да одлучите да им се обраќате на вашите следбеници на оваа мрежа, важно е да се обидете да ги персонализирате вашите пораки кога тие се упатени на поединец. Користењето на името на вашиот контакт може да ја направи комуникацијата потопла и подиректна, и во тој случај „драг контакт“ не доаѓа предвид.
Исто така, кога станува збор за LinkedIn е прилично важно да одржувате професионален тон во сите ваши пораки и објави, да избегнувате премногу неформален јазик или претерано емотивни изрази.
Без разлика на тоа како ќе одлучите да им се обратите на вашите контакти на LinkedIn, важно е да бидете доследни и да се придржувате до професионалните стандарди на комуникација. „Драги контакти“ и „драги колеги“ се прифатливи начини на обраќање, а вашиот избор може да зависи од контекстот и публиката на која им се обраќате.