Лого што сервира ас: Lacoste одржа лекција за брендинг

За првпат по 1933 година и непосредно пред овогодинешниот US Open, Lacoste го промени култниот крокодил со коза во чест на Новак Ѓоковиќ. Љубителите на тенисот ја поздравија почеста за четирикратниот победник, а лимитираната колекција „From Crocodile to GOAT“ ја забетонира автентичноста во заедништво: фановите стануваат дел од приказната, а органските, вирални реакции покажуваат како бренд со традиција ја засилува довербата без класичен рекламeн буџет.

goat-4281-fi

Извор: Lacoste

Одлуката на Lacoste да го замени култниот крокодил со коза за време на US Open претставува револуционерен чекор во приказната за брендот и неговата автентичност. Јасно е дека оваа смела промена не е само почит кон Новак Ѓоковиќ како врвен тенисер и GOAT of GOATs, туку е вистинска лекција за тоа како бренд со традиција може да ја зајакне довербата и да ја прослави својата заедница.

Редефинирана автентичност Со лансирањето на лимитираната колекција „From crocodile to GOAT “, Lacoste излегува од рамките на носталгијата и директно ги почестува фановите на Ѓоковиќ, но и љубителите на тенисот од целиот свет. Овој чекор ја редефинира автентичноста во 2025 година – станува интерактивна приказна во која фановите не се само дел од публиката, туку активни учесници.

goat-4281-ps1

Логото како симбол на припадност

Кога луѓето се дел од приказната, нивната поврзаност со брендот се префрла од производ кон чуство на припадност. Иницијативата на Lacoste, која ги вклучува фановите што го следат Ѓоковиќ уште од порано е доказ дека комуникацијата и заедницата се главните двигатели на природниот раст, многу поефикасно од класичното рекламирање. Социјалните мрежи се преплавени со автентични реакции, а виралноста доаѓа без вложени буџети.

Традиција и иновација Lacoste не ја брише историјата, туку го користи моментот и покажува како се комбинира традицијата со креативни адаптации кон современите трендови. Крокодилот не исчезнува, туку го проширува наративот на брендот, овозможувајќи им на фановите да поседуваат уникатен дел од историјата, што ја поттикнува комуникацијата за брендот и природното промовирање.

goat-4281-ps2

Финансиски резултат и пораки

Значителниот финансиски резултат потврдува дека автентичноста не е само „добар брендинг“, туку моќен дел од бизнисот. Експлозијата на продажба е јасен сигнал за бренд индустријата – традицијата и иновацијата не се спротивставени, туку се надополнуваат. Почитта кон фановите, вербата во автентичноста и храбрите креативни потези директно носат успех. Примерот на Lacoste за време на US Open докажува дека брендот кој ја вклучува публиката во приказната, гради лојалност и инспирира традиција.  

Економист по професија, претприемач по вокација, психолог по потреба. Цврсто верува во континуиран раст и развој, љубител на книги и добра музика, и верен пријател на визуелната уметност.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.