Кога IKEA ќе ти прати „непристојна“ порака во 2 часот наутро

Што е добриот маркетинг, ако не совршена комбинација на погоден тајминг, храбра порака и приказна која знае добро „да те вози“?

ikea-3087-fi

Извор: IKEA Instagram

Замисли го следново – петок вечер, доцна во ноќта скролаш низ Instagram и во еден момент ти стигнува порака во инбокс  – „U up?“ и тоа од не било кој туку од IKEA. Двосмислено, храбро, генијално! Мора да ти треба нов душек, штом си буден доцна во ноќта. Доволно храбрите што одговорија на пораката добија бесплатен нов душек. Останатите? Им беше понуден попуст од 15% кој можеше да се искористи до 23 февруари.

Но, тоа не е се – Durex, кралевите на real-time маркетингот ја продолжија играта докажувајќи уште еднаш дека во светот на реалниот маркетинг, најостроумните секогаш победуваат

Како настана „U Up?“

IKEA, позната по својот минималистички, но ефективен маркетинг, на околу 500 Канаѓани, ноќта на 14 февруари им прати порака –  „U Up?“ како дел од стратегија за промоција на своите кревети и душеци. Фразата, која обично асоцира на „непристојна“ порака доцна во ноќта, беше вешто претворена во духовита порака: „Значи буден си. Изгледа ти треба нов душек, затоа ти нудиме 15% попуст на нов душек. Посети го веб сајтот на Икеа за да дознаеш повеќе.“

Кампањата се појави на билборди  во Канада и на дигиталните екрани на нивните купувачи, со ништо повеќе од зборовите „U Up?“ на бела позадина и логото на IKEA. Едноставно, реално и веднаш разбирливо. Не требаше објаснување. А во дигиталниот свет опседнат со автентичност, беше вистински мајсторски потег. Тајмингот, пораката, хуморот – полн погодок!

Но, тоа не е се. Durex влетува со совршен „лизгач“

Потоа, во еден момент на чиста маркетинг-генијалност, Durex влета со одговор што ги привлече сите погледи и ја изигра играта на real-time маркетинг уште еднаш по не знам кој пат. Нивниот одговор на социјалните мрежи беше дрзок, паметен и потврда зошто брендовите што навистина ја разбираат културата секогаш победуваат. „Спиење? Ние сме зафатени си тоа да ги држиме луѓето будни. Следниот пат, осигурај се дека и ти ја користиш ноќта на најдобар можен начин со нашите секс играчки,“ пишуваше во огласот. Хиперлинкот во рекламата водеше до колекцијата на секс играчки на Durex. “

Durex мајсторски ја искористи двосмисленоста на „U Up?“, суптилно навестувајќи дека, ако некој е буден доцна во ноќта, можеби  нивните производи имаат врска со тоа.

Убавината на одговорот не беше само во тајмингот — туку во самодовербата. Без премногу размислување, без објаснувања, само совршено темпиран твит што беспрекорно се вклопи во нивниот бренд-идентитет. И сето тоа, додека јаваа на бранот што IKEA го создаде.

ikea-3087-ps1

Извор: Durex

Моќта на смелиот, real-time маркетинг


Токму тука се крие суштината на реалниот маркетинг: да бидеш присутен во моментот, да ја прочиташ реакцијата на публиката и да влеташ со бескомпромисна креативност и смелост. IKEA  можеби ја постави сцената, но Durex го украде шоуто.

Овие легендарни маркетинг моменти не се паметат само по хуморот — туку по храброста. Најдобриот маркетинг не продава — тој комуницира. Се забавува. Ризикува. Во ера кога интернетот е преплавен со содржина, брендовите што победуваат се оние што се осмелуваат да смели, да излезат од кутијата и да се забавуваат, наместо да се држат до старите добри маркетинг флоскули.

Взаемната интеракција на IKEA и DUREX беше повеќе од духовита размена на пораки. Беше мајсторски пример за:

  • Минимализам во пораките – колку помалку зборови, толку поголем ефект.
  • Културна флуентност – разбирање на пулсот на публиката во реално време.
  • Конзистентност во брендот – останување верен на сопствениот глас додека се адаптираш на трендовите.
  • Смелост– да бидеме реални, повеќето брендови би преспале ваква шанса и би ја промашиле златната прилика.

Што може да научиме? Креативноста нема работно време!

Ако постои нешто што треба да се научи од ова, тоа е дека најдобриот маркетинг не се случува кога брендовите се обидуваат да продаваат, туку кога се обидуваат да се поврзат. Креативноста нема работно време. Таа живее во спонтаноста, во ризикот, во читањето на моментот. А за сите брендови што набљудуваат од страна — следниот пат кога ќе се појави ваква можност, не ја преспивајте.

Страстен вљубеник во литературата и уметноста. Правник по диплома, новинар и маркетер по убедување, креатор на содржина и ПР ентузијаст од 9 до 5.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.