Фолксваген Голф слави 50-ти роденден

„Made by life. Made for life.“ е кампања која ќе ве насмее и расплаче.

folksvagen golf slavi 50 ti rodenden

Извор: Screenshot/YouTube

Фолксваген започна носталгична рекламна кампања насловена „Made by life. Made for life.“ (Направено од животот. Направено за животот.) за да го прослави 50-годишниот јубилеј на иконичниот модел Голф. Кампањата, создадена во соработка со Агенцијата DDB Париз и DDB Берлин, ја прикажува еволуцијата на Голф од неговото создавање во 1974 година до денес, истакнувајќи го трајното присуство на автомобилот во животите на милиони возачи низ неколку генерации.

Видео-спотот на кампањата, во кој е искористена песната „Good Riddance“ од Green Day, прикажува серија топли моменти во кои Голф е сигурен придружник во различни животни фази. Се раскажува приказната за млада жена која го добива својот прв Голф во 1974 година, расте со автомобилот и на крајот љубовта кон моделот и ја пренесува на својата ќерка. Оваа нарација ја нагласува улогата на Голф во значајни животни настани, од први бакнежи до семејни одмори, демонстрирајќи ја неговата способност да се адаптира и остане релевантен преку пет децении.

Иако новата рекламата е богата со носталгија и емоционална привлечност, некако делува познато дали поради препознатливоста на Фолксваген маркетинг естетиката или можеби затоа приказната потсетува на The Last Mile of Volkswagen Beetle. Кампањата и тогаш го имаше истиот рецепт, топла приказна врз фомот на познат хит (Let it be), a видеото со кое Фолксваген се поздрави и ја испрати во историја славната Буба, која престана да се произведува во 2019 година, расплака многумина. Споредете сами, еве ги двете видеа едно по друго.

Севкупно, новата кампањата ефикасно го слави наследството на Голф и неговото влијание врз животите на луѓето, зацврстувајќи го неговиот статус како доверлив и сакан автомобил низ годините.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.