Schneider Electric е прогласена за најодржлива компанија во светот од страна на магазинот Time и порталот Statista

Schneider Electric, лидер во дигиталната трансформација на енергетското управување и автоматизација, се најде на врвот на листата на „Најодржливи компании во светот за 2024“ на списанието Time и Statista.

schneider-1710-fi

Извор: Промо

Ова признание ги одразува амбициозните цели на Schneider Electric да ги намали сопствените емисии, но и посветеноста на компанијата да им помогне на своите клиенти да станат енергетски поефикасни и да ги намалат нивните емисии.

Time и Statista користеа транспарентна повеќестепена методологија за да ги идентификуваат најодржливите компании во светот за 2024 година. Процесот започна со збир од повеќе од 5.000 најголеми и највлијателни компании во светот. По ригорозната проценка во четири фази, конечното рангирање ги исклучи неодржливите индустрии и ги разгледа факторите како што се надворешните рејтинзи и обврски за одржливост, практиките за корпоративно известување и индикаторите за еколошки и социјални перформанси. Тој сеопфатен пристап произведе рангирање од 500 компании од повеќе од 30 земји.

И Time и Statista ја истакнаа технолошката експертиза на Schneider Electric и програмата Schneider Sustainability Impact (SSI). Оваа трансформативна програма го движи и го мери напредокот на компанијата кон глобалните цели за одржливост од 2021-2025 година, придонесувајќи за долгорочни обврски, вкупно шест од нив, кои ги вклучуваат сите три димензии – заштита на животната средина, социјална и димензија на управување (еколошка, социјална и управување – ЕSG). Како дел од тој напредок, компанијата им помогна на клиентите да ги намалат емисиите на јаглерод, со заштедени и избегнати 553 милиони тони CO2 од 2018 година. Компанијата, исто така, постигна значителен напредок во трансформирањето на сопствениот синџир на снабдување. Емисиите на јаглерод на најдобрите 1.000 добавувачи на Schneider Electric се намалија за 27% од почетокот на програмата – и 21% од најстратешките партнери во синџирот на снабдување на компанијата ги исполнија пристојните стандарди на работење на Schneider Electric.

„Ние сме исклучително почестени што сме препознаени како најодржлива компанија во светот“, рече Питер Хервек, извршен директор на Schneider Electric. „Ова достигнување е доказ за нашата непоколеблива посветеност на одржливоста, која е составен елемент на сè што правиме. Во нашите одлуки и секојдневно работење ги земаме предвид животната средина, општеството и доброто владеење. Затоа работиме напорно за да постигнеме уште поголем напредок во нашите цели за одржливост и да се осигураме дека сите придонесуваат за создавање позитивни и трајни ефекти“.

Schneider Electric, исто така, неодамна беше вклучена во Светсткиот индкес на одржливост Dov Jones 13-та година по ред, и рангирана е на прво место во својата индустрија, додека во вкупната глобална листа беше рангирана на 7-то место и го обезбеди своето место во европскиот индекс. Ова достигнување ги одразува нејзините силни еколошки, социјални и управувачки перформанси (ESG), со одржливост во срцето на нејзината стратегија.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.