Coca-Cola ја лансираше својата нова кампања насловена Spills (Пролевања), која ја слави моќта на човечката поврзаност. Оваа кампања го нагласува значењето на споделените моменти со саканите, повеќе отколку самото пиење на пијалакот. Наспроти традиционалните реклами што го истакнуваат освежувањето, Spills се фокусира на спонтаните моменти на радост и интимност, кои може да вклучат и случајно пролевање на пијалакот.
Кампањата е наменета за американскиот пазар и вклучува кратки рекламни видеа кои претставуваат различни емотивни сценарија: љубов кон домашно милениче, веселба на забава и возбудливо повторно обединување. Техниките на бавно и обратно движење во видеата придонесуваат кон чувството на вклученост на гледачот во настаните, овозможувајќи им да ги чувствуваат емоциите на протагонистите.
Во секоја од овие реклами може да се слушне и кратка, емотивна музика со текстот „There’s nowhere else to be. Hold on to me“ (Нема друго место каде би бил. Држи се за мене).
Кампањата е дел од “Real Magic” бренд платформата на компанијата започната во 2021 година. Со овој пристап, Coca-Cola сака да поттикне емоционална поврзаност со нивниот бренд, претставувајќи го пијалакот како неодминлив дел од специјалните моменти во животот на луѓето.
Креативните агенции зад оваа кампања се David Miami, WPP Open X и Ogilvy PR, кои успешно ја оживеаја визијата на Coca-Cola за поврзување преку обични, секојдневни моменти претворени во вредни спомени.