Стратешки партнерства за вештачка интелигенција: Можна соработка помеѓу Apple и Meta

Apple влегува во трката за вештачка интелигенција и бара партнерска поддршка.

meta-i-apple-1641-fi

Извор: Freepik / Jedsadagorn Intawicha

Во објавата на Apple Intelligence овој месец, Apple најави дека ќе соработува со OpenAI за внесување на ChatGPT во обновената верзија на Siri. Ова го нагласи значењето на вештачката интелигенција во нивната стратегија за напредок на платформата на Siri. Сега Wall Street Journal пренесува дека Apple и компанијата-мајка на Facebook, Meta, разговараат за сличен договор.

Apple се фокусира на практичната употреба на вештачката интелигенција во нивните производи. Ова вклучува додавање на напредни функционалности како предлози за пишување и персонализирани емотикони во Siri и другите платформи на Apple. Оваа стратегија, која е насочена кон поставување на употребата и практичната корист на вештачката интелигенција, можеби ќе им овозможи да ja надминат конкуренцијата, пренесува TechCrunch.

Договорот со Meta би можел да го направи Apple помалку „зависен“ од еден партнер за ВИ, а истовремено да обезбеди валидација за генеративната вештачка интелигенција на Meta. Сепак, се уште е непотврдено дали ќе дојде до склучување на овoj договор.

Поради законските ограничувања, Apple, исто така, рече дека иако Apple Intelligence треба да се појави во најновите верзии на своите оперативни системи (вклучувајќи iOS 18, iPadOS 18 и macOS Sequoia) подоцна оваа година, планира да ја воздржи технологијата од Европската унија, поради на Законот за дигитални пазари на ЕУ.

„Загрижени сме дека барањата за интероперабилност на DMA би можеле да не принудат да го загрозиме интегритетот на нашите производи на начини кои ја загрозуваат приватноста на корисниците и безбедноста на податоците“, изјави компанијата.

Во светлината на овие развојни настани, Apple се поставува како компанија која стратегиската употреба на вештачката интелигенција ја воведува во своите производи со фокус на практичната корист и диференцирањето од конкуренцијата, поттикната од потребите на корисниците и законските стандарди.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.