Како тинејџерите и адолесцентите ги сортираат сите дигитални информации за да одредат што е важно, корисно или вистинито?
Одговор од милион долари, сите би сакале да знаат. Социјалните мрежи сакаат млади корисници. Медиумите сакаат претплатници. Политичарите сакаат гласови. Професорите сакаат да знаат зошто нивните студенти не читаат книги. Се чини дека секој има интерес да ги разбере младите.
Во изминатите неколку години, истражувачите од Jigsaw, проучуваат како GenZ го “дигестира” и “метаболизира” она што го гледа онлајн. Истражувачите се надеваа дека нивната работа ќе обезбеди едно од првите детални, етнографски студии на “дигиталната писменост” на GenZ. Но, во моментот кога започнаа, не им одеше се по план.
„Во рок од една недела од вистинското истражување, само го отфрливме терминот информациска писменост,“ вели Јасмин Грин, извршната директорка на Jigsaw. Се испостави дека GenZ не се на линеарно патување за да ја оценат кредибилноста на информациите. Наместо тоа, тие се ангажирани во она што истражувачите го нарекуваат „информативна сензибилност “. Што значи тоа? GenZ ја знае разликата меѓу вистинити вести и мемиња генерирани од вештачка интелигенција, но едноставно не им е гајле!
Коментари наместо извори
Резултатите на Jigsaw го откриваат дигиталниот менталитет на GenZ. Додека постарите генерации се борат да проверат факти и да наведат извори, GenZ воопшто не се заморуваат со тоа. Тие само ги читаат насловите и потоа брзо се спуштаат до коментарите, за да видат што велат другите. Ако статијата е премногу долга, тие ја прескокнуваат. Не сакаат да гледаат работи што можат да ги натераат да размислуваат премногу или да ги вознемират емоционално. Ако имаат цел, тоа е да научат што им е потребно за да останат кул и комуникативни во своите социјални кругови.
Младите луѓе во основа велат дека не гледаат разлика помеѓу онлајн пребарувањето на вести и социјалната интеракција. GenZ пристапува до поголемиот дел од своето дигитално искуство во режим кој истражувачите го нарекуваат „убивање на време,“ само барајќи да не им биде здодевно. Ако сакаат да одговорат на прашање или да научат нешто ново, можеби ќе се свртат кон пребарувач, но новите информации ги стекнуваат главно преку своите социјални мрежи, кои се алгоритамски прилагодени да го одразуваат она што им е важно и кому му веруваат. Со кратки зборови, тие создадоа свои филтри за да обработат голем прилив на дигитални информации. Само важните работи се појавуваат, и ако нешто се појави, тоа мора да биде важно.
Извор: Freepik / dr.digitex
GenZ не читаат долги статии
Тие не читаат долги статии. И не веруваат на ништо со реклами или поп-ап прозорци кои бараат донации или претплати. „Ако правиш кликбејт, немаш никаква релевантност во твојата содржина,“ вели еден од испитаниците. „А вестите — дури и CNN и The New York Times — прават кликбејт. Тие статии веднаш ги игнорирам.“
GenZ, наместо да слушаат „застарени учители“, како CNN и The Times, тие ги следат упатствата од онлајн инфлуенсерите . Личното и искреното искуство на инфлуенсерите ги прави автентични, и тие зборуваат на јазикот кој GenZ го сака и разбира.
„ GenZ има омилен инфлуенсери или група на инфлуенсери на кои во основа им ја предава својата доверба, и потоа се неверојатно лојални на сè што тој инфлуенсер кажува,“ вели Бет Голдберг, шеф на истражување во Jigsaw. „Станува екстремно неисплатливо да се отпадне од групата на тој инфлуенсер, бидејќи тие ги добиваат сите свои информации од него.“
Интелигентни, но мрзеливи
Сето ова не значи дека GenZ се помалку интелигентни или трудољубиви од другите генерации. Тие знаат како да истражуваат нешто подлабоко. Само што, обично, не сакаат. „Ги користат тие критички вештини за писменост во навистина мал процент од времето кое го поминуваат онлајн,“ вели Голдберг. Ако се подготвуваат за аргумент за кој знаат дека ќе го имаат, или кога треба да донесат големи животни одлуки за на училиште или за инвестиција, подготвени се да се соочат со макотрпноста на пронаоѓање факти. „Но во поголем дел од времето, тие го поминуваат времето бесмислено во режим на убивање на време. Веродостојноста не само што не е на врвот на нивниот ум, туку всушност не им воопшто важна.“
Кога станува збор за нешта како диета или здравје, GenZ едноставно ќе го проба на своја кожа и ќе види дали функционира. Тие го гледаат тоа како безбеден начин, главно затоа што не му наштетува на никој друг. Ако новата диета или режим на вежбање „функционира“ на нивното тело, тоа е поверодостојно отколку податоци кои покажуваат негови ефекти врз цела популација.
Извор: Freepik / marymarkevich
Не се само GenZ зависни од неформални информации
Загрижувачки е фактот, што GenZ е генерација која ќе поверува на секакви шарлатанства што ги среќаваат и никогаш нема да се претплати на весник. Факт е дека денес, сите добиваме помалку формални вести, како телевизија или весници. Исто како и GenZ, се потпираме повеќе и повеќе на социјалните мрежи за да в идиме што се случува. Според последното истражување од Pew Research Center, најголем дел од корисниците на Facebook, Instagram, X и TikTok често се среќаваат со вести. На X, најчесто доаѓаат од медиумските канали и новинари кои најчесто објавуваат вести. На Facebook и Instagram, доаѓаат до семејства и пријатели чиј мислења, за подобро или за полошо, им се веќе познати. Но на TikTok — со неговата неразмерна младинска база на корисници — изворот често се добива од инфлуенсери . Тие ги агрегираат, мета-анализираат и го преземаат она што другите извори го објавуваат. Можеби затоа корисниците на TikTok, според другите платформи, велат дека е малку веројатно да бидат „измачени“ од вестите што ги гледаат. Некој друг веќе го одработил тешкиот дел; тие го добиваат само заклучокот.
Сите проверуваме коментари
Да бидеме искрени, сите ги проверуваме коментарите. Сите го правиме тоа – бараме многу посетувани линкови, пет-ѕвезди на рецензии, она што вели коментарот. Сите овие се валидни начини за сурфање во модерниот социјално-информативен екосистем. И нема ништо лошо во тоа.