Кога „ќе се обидам“ прераснува во полумаратон

„Можам сè, ама да трчам, никако.“ Со таа реченица почнува приказната на Милица Величковиќ, мајка, менаџерка и вљубеничка во трчањето, која денес го мери животот во километри, а не во часови.

polumaraton-4741-fi

Извор: Петар Бакиќ

Кога пред неколку години ѝ предложиле да започне со аеробни активности, не помислила дека едно тивко „ќе се обидам“ ќе ѝ го промени не само ритамот на животот, туку и начинот на кој ги воспитува своите деца.

Од канцеларија до патека

Денес, нејзините викенди не се прашање „каде излегуваме“, туку „каде трчаме“. Секое утро е нова лекција за истрајност, која не ја држи само за себе. „Кога ме гледаат како трчам, моите синови учат дека упорноста и дисциплината се вредности што не се купуваат. Секој чекор е лекција за нив“, вели Милица, која и во работата и во семејството верува во силата на примерот.

Здравствените предизвици, како проблеми со срцето и белите дробови, биле нејзиниот мотив да почне со трчање. На иницијатива на својата колешка, се пријавиле на Белградскиот маратон во категоријата штафета. „Формиравме тим ‘Репрезентација’, и така почна мојата тркачка и тимска авантура“, раскажува таа со насмевка.

polumaraton-4741-ps1

Извор: БГ Маратон

Трчањето како лекција за живот

Првите километри биле борба – со здивот, со мислите, со телото. Но, во секој момент на замор, се раѓала нова сила. „Не трчав само за себе, туку за да им покажам на децата дека границите се само во нашата глава,“ додава Милица.

Со текот на времето, патеките од градските улици ја однеле на планински терени, а кратките дистанци прераснале во полумаратон. Секоја трка станала симбол на заедништво и поддршка , токму вредности што сака да ги вгради и во семејниот живот. „На патеката никогаш не си сам. Некогаш ти подаваат рака, а некогаш ти си тој што ја подава. И тоа е суштината на заедништвото што го пренесувам и дома.“

Кога децата ги бројат медалите

Денес, нејзините синови со гордост ги бројат медалите на својата мајка. „Тоа се најубавите моменти. Кога ќе ги видиш како ги редат, гледаш дека тие не гледаат само метал, туку труд, дисциплина и љубов,“ вели таа.

polumaraton-4741-ps2

Извор: Јадран Чилиќ

За Милица, трчањето одамна не е само спорт, тоа е начин на живот, извор на сила и средство за поврзување со луѓето. Преку тимскиот дух во Represent Communications, од обична штафета создадоа компанија која ја претвора секоја трка во хуманитарна приказна. Тие беа првата компанија која ги „откупи“ километарите на своите вработени и ги донираше на здружението „Хероите на Белградскиот маратон“, со порака дека поддршката и солидарноста трчаат најбрзо кога се од срце.

Нов предизвик – нова лекција

Последниот маратон, каде што учествуваше беше NLB Podgorica Millennium Run, а следно се подготвува за големиот скопски маратон.„Оваа трка за мене има посебно значење. Не бркам рекорди, бркам моментот кога ќе почувствувам дека сум дел од нешто поголемо од заедницата, од тимот, од љубовта кон движењето,“ вели таа.

По секоја трка, следува оној човечки дел, кафе, смеа, разговор со пријателите. „Прво човек мераклија, па сè друго,“ се смее Милица.

Кога трчањето станува огледало на животот

„На патеката ги гледате сите приказни, некој трча за себе, некој за некого, некој со своите битки. И сите тие приказни ме потсетуваат дека трчањето е најмалку трчање, тоа е живот,“ заклучува Милица.

Со својата енергија, Милица не мотивира само колеги и пријатели, таа им покажува на своите деца дека животот е маратон во кој најважно е да не се откажеш, да ја најдеш својата брзина и да уживаш во секој чекор до целта.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.