Рецензија: Galaxy Z Fold7 – мојата мобилна канцеларија!

Од првиот момент кога го зедов во рака, знаев дека Galaxy Z Fold7 не е обичен телефон. Ова е уред што ја смени мојата секојдневна динамика и буквално ми овозможи да ја спакувам целата канцеларија во џеб.

galaxy-4735-fi

Извор: Приватна архива

Моќен работен партнер во движење

Како личност чија работа бара постојано пишување, анализи и подготовка на репорти, телефонот Galaxy Z Fold7 ми овозможи нешто што досега го сметав за невозможно – сериозно работење без лаптоп. Кога го отворам, на големиот, јасен и блескав екран можам истовремено да отворам повеќе документи, да правам паралелни споредби, да подготвувам извештаи и да ги финализирам анализите од било кое место. Сè функционира беспрекорно, без застој и со чувство дека користам компјутер во форма на телефон.

galaxy-4735-ps1

Дизајн како создаден за мене

Кога е склопен, Fold7 има совршена хоризонтална ширина – удобно лежи во дланка, како да е изработен по мерка. Полесен е од што очекував, што го прави идеален за носење на терен, на состаноци и на патувања. Секој пат претходно кога станувало збор за модел на Fold телефон, прва помисла била „преголем е, ќе ми пречи“, но со овој модел Samsung навистина ги изненади сите, бидејќи уште на прв поглед јасно е дека и сериозно е работено на дебелината на уредот, па така, кога ќе се отвори, човек добива импресија како лист да држи во раката. Кога го отворам, како магија да се случува – екранот е кристално чист, светол и живописен, со контраст и острина кои ме потсетуваат на најдобрите премиум монитори што ги имам видено, и дефинитивно е најдобриот екран на мобилен уред кој го имам користено. И можеби најважниот момент за кој дефинитивно сите сé уште коментираат е дебелината на телегонот кога е затворен – изненадувачки е тенок, односно иако се отвора, кога е склопен дебелината е речиси иста со овогодинешниот флегшип модел Galaxy S25 Ultra.

galaxy-4735-ps2

Организација на денот – паметна и интуитивна

Секое утро, функцијата Now Brief ми го прикажува распоредот, обврските и потсетниците за денот. Со тоа, денот ми започнува структуирано, а чувството дека нешто можам да пропуштам – исчезна. Со Fold7 сум поорганизирана, а воедно и пофокусирана.

Бидејќи голем дел од мојата работа се базира на пишување текстови и водење интервјуа, една функција навистина ме освои – автоматското претворање на аудио-снимки во текст. Сега со Audio Recorder снимам разговор, а Fold7 за неколку моменти да ми понуди прецизен препис. Тоа ми заштеди часови работа и ми овозможи да се концентрирам на суштината – квалитетниот текст. Исто така, Gemini е одличен четбот соговорник. После скоро два месеци користење на овој уред, сосема сигурна сум кога му се обраќам на Gemini за да добијам фидбек каков барам.  И не можам да не го издвојам , моментот на прегледноста и одличната можност на екранот да се читаат содржини, книги, па дури и да се гледаат филмови или серии. Едноставно спектакуларен приказ.

galaxy-4735-ps3

Камери што ја прераскажуваат реалноста

Камерите на Galaxy Z Fold7 се едноставно феноменални. Од професионални портрети до динамични сцени во движење, уредот извлекува неверојатен баланс меѓу детали, бои и длабочина кои резултираат со фотографии со висока резолуција од моќната 200 МР камера. Дури и со по некој непотребен детал, сенки или лоша светлина, ProVisual Engin го средува тоа.  Дури и во послаба светлина, фотографиите изгледаат живо и прецизно, со острина што ретко се среќава кај мобилни телефони. Видео-снимањето е исто толку импресивно – стабилизацијата е совршена, а HDR-то работи беспрекорно.

Како битни карактеристики на Galaxy Z Fold7 ги издвојувам и следните:

galaxy-4735-ps4

Надворешниот екран е надграден со Corning® Gorilla® Glass Ceramic 2, стакло засилено со керамика коешто е поиздржливо, обвиткан со Armor Aluminum рамка. Galaxy Z Fold7 е напојуван од најнапредниот мобилен процесор Snapdragon®, па така секоја апликација, секоја активност со телефонот е брза, или како што милуваме да кажеме – „лета“.

Galaxy Z Fold7 не е само телефон. Тој е продолжение на мојата професионална енергија, мојата мобилна канцеларија и мојот личен асистент. Ако продуктивноста има форматогаш тоа дефинитивно е овој телефон.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.