Реакцијата следуваше откако Рајс, поранешна амбасадорка на САД во Обединетите нации и советничка во администрациите на Барак Обама и Џо Бајден, во подкастот „Stay Tuned with Preet“ изјави дека корпорациите кои ќе му попуштат на Трамп би можеле да одговараат кога демократите повторно ќе дојдат на власт.
Трамп на својата социјална мрежа Truth Social порача дека Netflix треба веднаш да ја отпушти Рајс или да се соочи со последици, обвинувајќи ја за политичка пристрасност.
Неговата објава доаѓа во време кога најавената аквизиција на Warner Bros. од страна на Netflix ќе треба да добие одобрение од федералните регулатори, што дополнително го зголемува политичкиот притисок околу компанијата.