Google ја злоупотреби својата доминантна позиција на интернет

Судот пресуди против Google во антимонополскиот случај, што претставува голема пресвртница во долготрајниот правен спор. Компанија преку својот интернет прелистувач незаконски ја искористува својата доминантна позиција на пазарот за да ја победи конкуренцијата и да ја задуши иновативноста, се вели во пресудата.

google-1869-fi

Судењето против Google и пресудата

Американскиот окружен судија Амит Мехта пресуди дека Google ја злоупотребил својата монополска позиција за да ја спречи конкуренцијата и да ја задржи својата доминација на пазарот за пребарување. Клучна точка на пресудата е практиката на Google да троши милијарди долари за да го постави својот пребарувач да биде опција која се подразбира кај  новите телефони и технолошки уреди. Во 2021 Google потроши над 26 милијарди долари на вакви зделки, што судијата Мехта го истакна како критична точка во неговата одлука.

Последици од пресудата

Оваа пресуда би можела значително да влијае на бизнисот на Google. Компанијата може да биде принудена да ги промени своите деловни практики и да дозволи поголема отвореност за конкуренција. Исто така, Google се соочува со можност за големи казни и дополнителни регулаторни мерки. Дополнително, пресудата може да послужи како преседан за идни антимонополски случаи, потенцијално отворајќи ја вратата за дополнителна регулација во технолошката индустрија.

Реакции од индустријата

Реакциите на оваа пресуда беа различни. Конкурентите како што се Bing на Microsoft и DuckDuckGo ја поздравија одлуката, додека некои експерти изразија загриженост дека прекумерната регулатива може да ја забави иновацијата. Судијата Мехта нагласи дека иако Google е доминантен поради квалитетот на својот производ, неговата практика на склучување договори за стандардните пребарувачи имала значително влијание врз конкуренцијата.

Google изрази разочарување од пресудата и најави жалба. Кент Вокер, претседател на глобалните операции на Google, рече: „Оваа одлука признава дека Google го нуди најдобриот пребарувач, но заклучува дека не треба да ни се дозволи да го направиме лесно достапен“.

Се очекува Google да ги преземе сите правни чекори за да ја оспори пресудата, а можно е случајот да заврши пред Врховниот суд на САД. Во меѓувреме, судот ќе разгледа какви промени или казни треба да се изречат за да се санира штетата и да се воспостави поконкурентен пејзаж.

Оваа пресуда претставува голема победа за регулаторите и конкурентите на Google, но останува да се види како ќе се развива ситуацијата во наредните месеци.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.