Популарност: Краткорочен ефект
Популарноста е едноставно момент на препознавање. Не е неопходно да биде дури и во позитивен контекст. Ова може да се постигне на различни начини: вирална содржина на социјалните мрежи, јавни настапи (испади), контроверзни изјави или оние што предизвикуваат поларизација на публиката и следбениците.
На пример, видео на TikTok може да стане вирално и да донесе стотици илјади следбеници за неколку дена. Иако ваквата популарност е впечатлива и многу ја пријатна за егото, ретко кога носи долгорочна вредност или вистинска доверба. Публиката може брзо да премине на следната вирална сензација, оставајќи го претходниот популарен креатор во заборав.
Прво “Е”, кое носи резултат на социјалните мрежи “Entertainment” (забава).
Личен брендинг: Долгорочна инвестиција во доверба
Од друга страна, личниот брендинг е процес на изградба на траен имиџ и репутација која ја одразува вашата стручност, систем на вредности, можеби и мисија. Клучна компонента на личниот брендинг е довербата. За разлика од популарноста, довербата се гради постепено, преку доследно обезбедување на вредност, стручност и автентичност.
Личниот бренд подразбира дека луѓето ве препознаваат како авторитет во вашата област и веруваат на вашите зборови и препораки. Ова е особено важно во деловниот свет, каде што довербата може да биде одлучувачки фактор при донесувањето деловни одлуки и воспоставувањето долготројни деловни односи.
Зошто LinkedIn е вистинската платформа за личен брендинг?
LinkedIn е платформа создадена за поврзување и изградба на кариера. За разлика од другите социјални мрежи, фокусот на LinkedIn е на професионален развој, што ја прави идеална платформа за изградба на личен бренд. Градите мрежа на контакти преку создавање содржина, интеракција со другите и обезбедување вредност. Самата платформа се опишува како “бавна”. Ако се активирате и ја погледнете аналитиката која е достапна, ќе видите дека постои “reach” на објавите од пред неколку недели па дури и месеци. Доколку сте креирале квалитетна содржина од категоријата Article и сте размислувале за SEO елементите, reach на таа содржина може да се “тркала” месеци наназад. Ова е тешко замисливо за некои популарни социјални мрежи.
Второ “Е” кое носи резултат на социјалните мрежи, а особено може да биде важно за LinkedIn: Education (образование).
Заклучок
Да бидеме искрени, оние кои имаат голем број следбеници, без разлика на социјалната мрежа, имаат одредена вредност на брендот, сигурно во категоријата на препознавање. Секако, тие некако морале да заслужат такво “внимание”. Дали преку споделување знаење или како lead generator за Only Fans, тоа е друга тема.
За да постигнете успех, потребно е да бидете доследни, присутни и активни. Да работите на себе, да споделувате и усвојувате знаење. Да креирате дополнителна вредност. Тоа е процес. А кон зборот “успех” од почетокот на ова последно поглавје можете да додадете “на работа”, “во бизнисот” или “на LinkedIn”.
Прашање за Вас: Дали би ја замениле страста за слава?
Во една песна се пее:
“So many times, it happens too fast
You trade your passion for glory…”