Canva купува стартапи за анимација и маркетинг

Компанијата Canva во понеделникот објави дека ги презема стартапите Cavalry и Mango AI, со цел да ги прошири своите можности во областа на анимацијата и оптимизацијата на маркетинг кампањ, пренесува Techcrunch.

canva-5440-fi

Извор: Unsplash 

Британскиот Cavalry развива алатки за 2D анимација што се користат во рекламирање, маркетинг, гејминг и генеративна уметност. Од Canva велат дека технологијата на Cavalry ќе ги надополни можностите на Affinity, професионалниот пакет за креативно уредување фотографии, вектори и распоред, кој компанијата го презеде во 2024 година.

Affinity беше редизајниран минатата година и направен бесплатен за корисниците, по што е преземен повеќе од пет милиони пати. Со новата аквизиција, Canva има намера да додаде и алатки за уредување движење и анимација, со што ќе создаде целосен професионален пакет за креативна работа.

canva-5440-ps1

Извор: Unsplash

Покрај Cavalry, Canva го презеде и стартапот Mango AI, кој развива системи базирани на засилено учење за подобрување на перформансите на видео реклами. Првиот производ на компанијата им овозможувал на клиентите да креираат и објавуваат реклами, а потоа да ги анализираат резултатите за оптимизација на идните кампањи.

Mango AI е основан од Нирмал Говинд, поранешен потпретседател за data science и инженеринг во Netflix, и Винит Мисра, поранешен data scientist во Netflix и Roblox. Canva соопшти дека Говинд ќе стане прв директор за алгоритми во компанијата, додека Мисра ќе работи на унапредување на маркетинг производите.

Оваа аквизиција се надоврзува на преземањето на маркетинг стартапот Magicbrief во јануари 2025 година и лансирањето на алатката Canva Grow, наменета за креирање маркетинг содржини и мерење перформанси. Според раководството на компанијата, Canva Grow бележи силен раст, особено во креирање статична содржина и нејзино објавување на платформите на Meta.

Со новите преземања, Canva сака дополнително да ја зајакне својата позиција како сеопфатно маркетинг решение, со фокус на видео содржини и попрецизна анализа на резултатите. Компанијата ја заврши 2025 година со годишни приходи од 4 милијарди долари, повеќе од 265 милиони корисници и 31 милион претплатници.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.