ВИ го менува бизнисот: Кои три професии се на работ на исчезнување?

Голем број компании ширум светот, поточно 41% од анкетираните компании, планираат да отпуштат работници до 2030 година поради воведувањето на ВИ, која ќе замени многу работни позиции, се наведува во студијата објавена од Светскиот економски форум.

vi-go-menuva-biznisot-2813-fi

Извор: Unsplash

Во истражувањето учествувале стотици големи компании, а 77% од анкетираните изјавиле дека планираат преквалификација и усовршување на своите вработени во периодот од 2025 до 2030 година, со цел да го подобрат своето работење со помош на вештачката интелигенција, пренесува CNN.

На листата на посебно загрозени професии се наоѓаат поштенските службеници, административните работници, како и графичките дизајнери.

Вештачката интелигенција е сè попосакувана

Од друга страна, вештините поврзани со вештачката интелигенција се повеќе се бараат, бидејќи речиси 70% од компаниите изјавиле дека планираат да вработат нови работници со вештини за дизајнирање на ВИ алатки, додека 62% од фирмите бараат вработени кои знаат како да ја користат вештачката интелигенција.

Во извештајот се наведува дека примарното влијание на технологиите како што е генеративната вештачка интелигенција врз работните места би можело да биде во нивниот потенцијал да ги унапреди човечките вештини преку „соработка меѓу човекот и машината,“ наместо целосно да ги заменат луѓето со машини.

Сепак, многу работници веќе се заменети со вештачка интелигенција.

Некои технолошки компании, како што е услугата за складирање податоци Dropbox и апликацијата за учење јазици Duolingo, изјавиле дека веќе отпуштиле вработени поради воведување на ВИ технологии.

Извор: Bizlife.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.