OpenAI продолжува да ги поместува границите на примената на вештачката интелигенција, а новата функција која се тестира, Study Together би можела да донесе вистинска мала револуција во начинот на кој учениците и студентите кои го користат ChatGPT.
Идејата за учење со вештачка интелигенција
Иако функцијата е уште во развој и не е целосно активна, основната идеја е јасна: Study Together воведува елемент на колаборација во учењето со вештачка интелигенција. Корисниците ќе можат да започнат заеднички сесии, да ги повикаат пријателите и заедно да учат со поддршка од ChatGPT. Вештачката интелигенција во тој процес ќе биде многу повеќе од пасивен асистент – ќе делува како тутор кој поставува прашања, проверува знаење и објаснува поими, со што директно поддржува активно учење.
Посебно е интересно што опцијата за групно учење се вклопува во актуелната потреба за дигитални алатки кои ја поттикнуваат соработката на далечина. Студентите и учениците сè почесто бараат решенија кои можат да го заменат или дополнат традиционалното учење во групи, а ChatGPT со оваа функција е спремен да го премости јазот помеѓу самостојната работа и интерактивната припрема во парови или тимови, објави порталот BleepingComputer.
Меѓутоа, OpenAI не се огласил официјално кога Study Together ќе биде достапен за пошироката јавност, ниту дали ќе биде дел од бесплатната верзија или само од платените планови. BleepingComputer пишува дека со оваа функција OpenAI работи и на други подобрувања, како додатни конектори за популарни платформи како што е Slack и идниот модел GPT-5, што укажува дека Study Together најверојатно е дел од пошироката стратегија за трансформација на ChatGPT во севкупна работна и образовна платформа.
За образовниот сектор, оваа функција може да биде нарушувачка во најдобра смисла на зборот. Наместо да служи само за брзо добивање готови одговори, вештачката интелигенција може да го врати ученикот во центарот на процесот и да го мотивира да размислува активно и да дискутира.
Додека се чекаат официјални информации и поширока достапност, останува да се види дали Study Together навистина ќе заживее како што OpenAI го замислил, како тутор, мотиватор и дигитален придружник за сите кои сакаат да учат заедно, тимски и со поддршка на технологијата.
Извор: web-mind.rs