Што значи крајот на ерата на промптовите за сите нас?

Нема повеќе да се мислите како да комуницираме со вештачката интелигенција. Наместо да се потпираме на инстинкт и досетливи промптови, светот на АИ влегува во ера на прецизно дефинирани спецификации што ги одредуваат и целта и однесувањето на моделите. Промпт инжeнерингот, каков што го познававме, заминува во историјата.

promtovi-4002-fi

Извор: Freepik/ YT screenshot AI Enggener

Кога вештачката интелигенција првпат почна да покажува способности за програмирање, сите беа воодушевени. Промпт инжeнерингот стана нова дигитална вештина, уметност на давање инструкции на моделите за да се добие посакуван резултат. Но, тој пристап беше кревок, непредвидлив и често неточен. Промптовите се пишуваа интуитивно, како импровизација, а потоа исчезнуваа. Клучот за иднината е структурираната, изјави инженерот Шон Гроув од компанијата OpenAI на Светската конференција на инженери.

Промпт инжeнерингот не е веќе централна алатка за програмерите

„Токму од OpenAI доаѓа најјасниот сигнал: промптот повеќе не е централна алатка за програмерите и истражувачите. Спецификациите, напишани на јасен, човечки јазик, стануваат основа за секој интерфејс, секоја функционалност и секоја вредност што вештачката интелигенција треба да ја почитува. Наместо да ги користиме промптовите во секоја интеракција, сега пишуваме трајни документи во кои запишуваме што сакаме, зошто го сакаме тоа и како ќе знаеме дека резултатот е точен“, вели Гроув.

Кодот, всушност, станува секундарен

„Како што вештачката интелигенција од спецификацијата може да генерира различни верзии на код за различни архитектури, така и добар модел од една спецификација може да произведе TypeScript, Rust, документација, туторијали или дури подкаст. Промптот беше средство, но не и суштина. Суштината е комуникацијата – јасна, конзистентна и точна“, истакнува Гроув.

Според него, најголемиот проблем со промпт инжeнерингот бил неговата минливост.

“Тие беа како пораки на песок, корисни во моментот, но не и одржливи. Денес, спецификациите ја преземаат таа улога и носат стандардизација. Модел спецификацијата на OpenAI, објавена како серија обични Markdown-датотеки, му овозможува на секој член од тимот од правник до програмер да чита, разбира, коментира и да го обликува однесувањето на АИ системот“, наведува тој.

Потврда за крајот на ерата на промптовите

Она што дополнително го потврдува крајот на ерата на промптовите, според Гроув, е сè почестата употреба на спецификациите како тренинг-материјал за моделите. Наместо да ги „потсетуваме“ моделите што треба да прават со секое повикување преку промпт, новата пракса е спецификациите да се вградат во самата структура на моделот. Тие стануваат дел од „тежината“ на моделот, неговите запаметени правила на однесување.

„Спецификациите се однесуваат како код: може да се тестираат, имаат интерфејси и може да се автоматизираат. Со развојот на алатки како ‘линтери’ за откривање нејасни формулации, инженерството на иднината повеќе нема да биде низа од кодови, туку низа од мисли. Промпт инжeнерингот не исчезна затоа што не беше корисен, туку затоа што не беше доволен. Преодот кон спецификации значи дека повеќе не погодуваме туку знаеме, запишуваме, тестираме и повторуваме. Оној што ќе совлада пишување добри спецификации, ќе стане највредниот програмер на иднината.“

Во време кога АИ моделите решаваат сложени задачи, прецизноста е клучна. А спецификациите се единствениот пат до таа прецизност.

Извор: web-mind.rs

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.