Картички, кредити и кредибилитет: Тони Јанковски за едукацијата, довербата и иднината на дигиталните финансии

Во време кога брзите одлуки често водат до скапи грешки, информирањето станува клучна алатка за лична и финансиска безбедност. Тони Јанковски, директор за развој на производи и иновации во Diners Club Македонија, во NewBiz подкастот сподели искрени размислување за тоа колку (не)знаењето чини и што значи да се биде одговорен потрошувач денес.

diners-4005-fi

Извор: newbiz podcast

Финансиската писменост не е клише
Во свет на преголема изложеност на информации и недоверба во институциите, потребата за проверени, релевантни и јасни извори станува се поизразена. Јанковски без задршка зборува за тоа дека фразата „финансиска писменост“ можеби звучи истрошено, но реалноста е дека токму тоа ни недостига – практично знаење што ќе ни помогне да донесуваме одговорни одлуки.

„Се фаќам себеси како кога ќе кажам ‘финансиска писменост’ си превртувам очи на фразата“, вели Тони, „ама реалноста е таа, дека ни треба информации од релевантен извор, од некој којшто знае што ти зборува, дека не ти дава информации само колку да те привлече како клиент.“

Во свет каде дезинформациите лесно кружат, тој верува дека е од суштинско значење потрошувачите да имаат пристап до веродостојни информации, собрани на едно место. „Тоа ми е канал на комуникација со компанијата и одличен начин како може да влијаеме на тоа колку знае населението, колку треба да знае за да биде одговорно, да донесува информирани одлуки, да не се раководи според тоа ‘некој таму нешто рекол’.“

Транспарентноста како предуслов за доверба

Довербата се гради со отворена и искрена комуникација. Тони потенцира дека Diners не само што ја прифаќа транспарентноста како принцип, туку и активно работи на постојано унапредување на своите канали – мобилната апликација, веб-страницата и сите комуникациски точки со клиентите.

 „Тоа е предуслов. Мислам дека е предуслов за било кој бизнис да бидат добро транспарентно информирани, без разлика за кој сектор се работи.“

Diners Club, како што вели, постојано работи на тоа комуникацијата со клиентите да биде што појасна. „Свесни сме дека не секогаш сме јасни и пробуваме да ги корегираме тие работи, со тоа што сѐ треба да биде транспарентно, во секој момент објавено и пред сѐ на мобилната апликација, којашто е наш главен канал.“

Финансиска едукација уште од најрана возраст

Корените на проблемот не се во зрелата доба – туку почнуваат уште во детството. Јанковски предлага финансиската едукација да почне уште од предучилишна возраст, со поедноставување на концептите како камата, кредит, буџет и лична одговорност. Според него, ако сакаме финансиски одговорно општество, треба да почнеме од самите основи.

„Треба да се почне од основно, па дури би рекол можеби предосновно образование“, вели тој. „Бројките се факти, не лажа и точно се знае колку еден човек може да потроши, а може да си дозволи за некакви уживања, луксузи и основни работи.“

Иднината е дигитална  и побезбедна

Картичката веќе одамна не е само парче пластика. Според Јанковски, иднината е токенизирана, дигитална и далеку побезбедна, вметната во нашиот телефон, часовник или дури и прстен. Diners веќе ги прави првите чекори за интеграција со Google и Apple Wallet, водејќи се по потребите и навиките на новите генерации, но и со јасен фокус кон безбедноста и иновациите.

„Очекувам тоа да се случува забрзано… Мислам дека сѐ ќе биде дигитализирано и токенизирано во телефонот, што не е воопшто лошо.“ Притоа, потенцира дека токенизираните картички се побезбедни од физичките: „Функционираат на ниво на токенизирани броеви, никаде не се комуницира бројот на картичка и многу е тешко да се направи некаква злоупотреба.“

Иако верува дека физичките картички ќе останат само во луксузниот сегмент како статусен симбол, сепак, Diners веќе работи на воведување на дигитална картичка во Google и Apple паричниците.

Извор: Webmind редакција

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.