Топ 5 апликации за уредување на видео со помош на вештачка интелигенција

Веќе неколку години, со експанзијата на TikTok и неговото влијание врз другите платформи, видеото стана доминантен медиум. Обезбедувајќи многу начини за автентично изразување и себепретставување, видеото стана неизбежно и за поединци и за бизниси и носи можност да станете вирални, дури и ако сте мал, локален бренд.
Од друга страна, токму поради тоа што станаа неопходност, видеата се мака за многумина затоа штo не е воопшто лесно да се осмисли, сними и уреди видео.
Отткука на апликациите за уредување видео со вештачка интелигенција се гледа како на алатки за полесно и побрзо продуцирање на видео содржина.

ureduvanje na video so ai

Илустрација: Ленка Т.

Ви ја претставуваме листата на 5 најистакнати апликации за уредување видео со вештачка интелигенција кои би требало да ви помогнат во процесот на креирање видео. Се обидовме да ги покриеме апликациите што се разликуваат по предности така што секој корисник може да најде нешто според своите желби и потреби.

Имајќи предвид дека овде зборуваме за апликации со вештачка интелигенција за мобилни уреди, претпоставуваме дека најверојатно ќе ги користите за содржина за социјалните мрежи. Сепак, дури и ако има читатели кои би сакале да ги тестираат овие апликации за поамбициозни проекти, како што се уредување музички видеа или кратки филмови, веруваме дека овие апликации ќе одговараат и на нивните потреби.

Adobe Premiere Pro 

Овозможен од Adobe Sensei, Adobe Premiere Pro го револуционизираше уредувањето видео со беспрекорната интеграција на технологијата за вештачка интелигенција и редефинирање на начинот на кој создавачите на содржина пристапуваат кон своите проекти.

Што ќе ви биде најкорисно:

  • Color Match овозможува усогласување на боите помеѓу два видео клипа без напор. Избирате  клип за уредување и референтен клип во панелот Lumetri Color, овозможувајќи откривање лице за прецизно усогласување на тонот на кожата и примена на автоматски прилагодувања со опција за фино прилагодување по потреба.
  • Morph Cut го подобрува текот и континуитетот на интервјуата и видеата каде човек зборува со повеќекратни прескокнувања и прекини. Користете го Morph Cut од панелот Ефекти, со вклучено следење на лицето и оптичка интерполација на протокот за беспрекорен, висококвалитетен видео изглед кој ги елиминира непријатните паузи и многуте резови.
  • Откривање на сцена за уредување – го автоматизира процесот на сечење подолги видеа во оригинални пократки клипови, заштедувајќи време и напор; едноставно кликнете со десното копче на клипот на временската линија на вашето видео, одберете Scene Edit Detection и одберете ја претпочитаната опција за додавање исечоци, создавање под-клипови или поставување маркери за клипови на секоја точка на сечење.
  • Auto Reframe  го олеснува уредувањето автоматизирајќи го процесот на сечење подолги видеа во оригинални пократки клипови, заштедувајќи ви време и напор. Едноставно кликнете со десното копче на клип на вашата временска линија, изберете Auto Reframe и изберете ја претпочитаната опција за додавање исечоци, создавање под-клипови или поставување маркери за клипови на секоја точка на сечење. Auto Reframe веднаш ја идентификува фокусната точка на дејствување во вашите снимки и ја одржува видлива додека ја претвора хоризонталната видео снимка од 16:9 во  сооднос 9:16, елиминирајќи ја потребата за уредување на движењата на клучните кадри кои одземаат многу време и го прават погодно за споделување на платформи за социјални медиуми.

Според официјалните изјави, посветеноста на Adobe за интегрирање на вештачката интелигенција во Premiere Pro има цел да отвори свет на можности за уредувачите на видео. Со искористување на моќта на вештачката интелигенција, креаторите можат повеќе да се фокусираат на нивната креативна визија и раскажување приказни, додека софтверот се грижи за техничките сложености.

Magisto 

Magisto се претставува како маркетиншка алатка за уредување видеа, создадена токму за да ги поттикне брендовите да ја прифатат видео содржината, гарантирајќи беспрекорен работен тек. Покрај тоа, тие посочуваат дека резултатите не се генерички, туку персонализирани и соодветни на тоа како сте го дефинирале вашиот бренд.

Во основа, тој работи на инструкции од корисниците, а технологијата овозможува целиот процес да биде брз, мазен, импресивен, без да бара претходно познавање на видео монтажата. Со други зборови, тој е идеален за бизниси и комплетни почетници. Единственото нешто што ви треба водич за брендот.

Magisto AI видео едиторот работи вака:

  1. Поставете ги вашите маркетинг видеа и фотографии;
  2. Изберете еден од уникатните стилови на маркетинг уредување и аудио подлоги од библиотеката;
  3. Професионален уредувач на видеа со вештачка интелигенција ќе го анализира и измонтира вашето следно маркетинг видео.

Накратко кажано, Magisto додава персонализирано брендирање, графика, ефекти и титл за вашите маркетинг видеа да изгледаат професионално. Друга предност на оваа алатка е нивната база на знаење. На нивната веб-страница, можете да најдете многу корисни совети и маркетинг тактики кои се во согласност со актуелните трендови и директно ве носат до она што можете да го постигнете.

Clipchamp 

Clipchamp можеби е помалку познат уредувач на видеа, но дефинитивно вреди да се спомене затоа што имплементира интересни ВИ функции и континуирано експериментира во областа.

Впечатокот што го добивме е дека Clipchamp сака да го направи уредувањето видео што е можно поедноставно и пристапно. Не е целта да имате комплексен, врвен софтвер туку сосем спротивно.

Ова се ВИ карактеристиките што ги воведоа досега:

  • Text-to-speech – Од следење на интересни трендови на TikTok до професионални деловни видеа без напор може да создавате со разноврсниот креатор на гласови со вештачка интелигенција од Clipchamp, кој нуди 400 реални гласови со вештачка интелигенција на повеќе јазици, прилагодливи гласовни стилови, тонови и избор на неутрални, женски или машки тонови совршено да одговара на вашите потреби и типот на видео.
  • Автоматски титлови – Подобрете ја разбирливоста и интерактивноста на видеото користејќи паметни автоматски титлови. Апликацијата овозможува генерирање на точни титлови на 140 јазици со безбедна технологија за откривање глас, приспособување на стилот фонтот, бојата, порамнувањето и големината за титловите совршено да ја надополнат вашата видео содржина.
  • Speaker coach – Секојпат кога се снимате добијте фидбек во реално време за да станете самоуверен говорник. Оваа функционалност ќе ви овозможи да го проверите темпото и јачината на вашиот говор, да снимате повторно по потреба, да ги идентификувате и елиминирате непотребните зборови за повлијателна презентација.

Заклучуваме дека Clipchamp се фокусира на помалку застапени функционалнос, во споредба со другите видео уредувачи со вештачка интелигенција, пополнувајќи ги празнините што ги оставаат повеќето познати апликации. Освен тоа се планира подобрувања на примената  на вештачка интелигенција во аудио доменот.

И, конечно, ако претпочитате да ги совладувате новите апликации како темелен ученик, Clipchamp мисли на вас. Постојат неколку детални (чекор по чекор) упатства за тоа како да ги користите овие функции (и зошто). Исто така, секогаш можете да се вратите на овие видео туторијали кога се чувствувате како да сте пропуштиле чекор или се чувствувате заглавени во процесот на уредување.

InVideo

Се смета дека InVideo има над 7 милиони корисници ширум светот и според рангирањето на Product Hunt е распространета алатка за уредување видео на која налетале многумина.

Разбирливо, оние кои се страстни мотажери, главно професионалци, ќе се одлучат за Adobe Premiere Pro поради неговите софистицирани, напредни можности, но и поради леснотијата на споделување датотеки и соработка со други. Но ако тоа не се ваши приоритети, туку сакате брзо да создадете импресивна видео содржина што ќе одговара на повеќето брендови, InVideo ќе ви ги обезбеди сите потребни функции, како што се:

  • Над 5.000 професионално креирани темплејти за да можете лесно со drag&drop да гo фатите актуелниот. Исто така, шаблоните се приспособливи за подобро да одговараат на вашата идеја;
  • Алатката text-to-video ви овозможува да генерирате скрипта со вештачка интелигенција користејќи основни текстуални промптови или да ја претворите вашата статија или блог во видео за неколку минути;

Подобри алатки за селектирање, text-to-speach, подобрување на аудио и многу повеќе.

Најдобриот дел е што InVideo лансира посебен генератор на видео со вештачка интелигенција наречена InVideo AI кој ветува дека ќе ја претвори секоја идеја во професионална, динамична видео содржина и ќе ја прилагоди соодветно на која било платформа. Тоа е ултимативната алатка за видео уредување која може да ја испробате тука.

Lumen5 

Меѓу апликациите за видео уредување Lumen5 е избор на многу големи брендови (Siemens, Mitsubishi, итн.) кои се фокусираат на текстуалната содржина, но се свесни дека видеата сега се доминантен медиум.

Со други зборови, тие сè уште можат да го прават она што најдобро го знаат – да пишуваат – но лесно можат да го претворат својот главен производ и во видео. Ако се препознаете меѓу оваа група, еве што можете да очекувате од Lumen5:

image-1

Можете автоматски да ги претворите објавите на блоговите во видеа или да ги трансформирате ZOOM снимките во интересни видеа.

Програмата најмногу се потпира на постоечките темплејти, поделени во категории, прилагодени за секој бизнис и стил. Не е ни чудо што големите компании обично се одлучуваат за оваа опција од сите претходно споменати.

Ако сте скептични дали Lumen5 одговара на вашите потреби, можете да го испробате бесплатно логирајќи се со совјата е-пошта.

Плус, тие вложуваат посебен напор да ги научат своите корисници како да го подобрат својот storytelling капацитет за да чувствуваат декаподеднакво автентично се изразуваат и преку нивната видео содржина. Сепак вештачката интелигенција не е тука да прави работи наместо вас, туку да ви помогне да го правите она што треба – само подобро.

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.