Топ 5 апликации за уредување фотографии со вештачка интелигенција 

Денеска е речиси незамисливо да објавите фотографии без да направите барем мали прилагодувања, било тоа да е експозиција, засилување на бои или ретуширање. Филтрите се секако лесен и брз начин за уредување на вашите слики, но само замислете колку подобри би можеле да бидат вашите фотографии ако ја уредувате секоја од нив поединечно со соодветна апликација.

уредување слики со ai

Извор: Ленка Т.

Ќе ви претставиме 5 опции, со различни нивоа на сложеност, зависно од тоа кои се вашите преференции. 

Adobe Photoshop  

Кога станува збор за уредување на фотографии, Adobe Photoshop е првата апликација која паѓа на ум. И покрај тоа што првично е креирана за десктоп, мобилната верзија нуди многу опции за уредување и додавање професионална нота и без огромен екран. 

Она што вештачката интелигенција (AI) го овозможува е целиот процес да биде побрз и поинтуитивен. Понекогаш имате јасна идеја што сакате да направите со фотографијата, но сè уште ги немате потребните вештини за да го постигнете тоа. AI алатките во рамките на оваа апликација помагаат низ процесот на реализација на идејата. 

Некои од алатките овозможуваат да се додадат објекти во фотографијата со едноставно пишување на наредбите, да се смени позадина, да се смени должина (што е особено корисно ако треба да се смени вертикална слика во хоризонтална), да се отстрани и замени содржина и многу повеќе. 

Целосниот список на AI алатки вклучува: 

  • Алатка за отстранување: Замена на непосакувани делови во сликата слика со слична содржина со едноставно преминување над она што сакате да го отстраните. 
  • Алатка за закривување со пенкало: Цртајте прави и криви линии интуитивно, па потоа лесно модифицирајте ги. 
  • Совпаѓање со фонт: Најдете совпаѓање со фонтовите што ги сакате на вашите слики или фотографии. 
  • Зачувување на деталите 2.0: Сменете ја големината на сликите без искривување на важните детали и текстури. 
  • Замена на небото: Сменете го небото на сликата со неколку кликови и Photoshop автоматски ќе ja маскира и вклопи замената. 
  • Алатка за селекција на објекти и фина обработка на рабови: Со леснотија направете прецизни селекции и маски. 
  • Неврални филтри: Намалете ги поголемите работни процеси на само неколку кликови со библиотека на филтри поддржани од машинско учење. 

Според Adobe, ВИ е неизбежна кога станува збор за уредување на фотографии, па тие веќе и даваат предност на оваа технологија. Ако барате професионален ефект, можеби ќе ви биде најдобро да ги прифатите и примените овие алатки колку што е можно побрзо. 

Luminar AI

Luminar AI се претставува како првиот уредувач на слики целосно поддржан од вештачка интелигенција. Тој обезбедува уште повеќе предности за оние кои претходно го користеле Luminar NEO за Windows или MacOS, бидејќи овозможува автоматски да синхронизирате слики од различни уреди. 

Би рекле дека ова е подобра алтернатива на Adobe ако не сте толку посветени на учењето за тоа како функционира уредувањето, туку сте повеќе фокусирани на резултатите. Односно, не мора да знаете како, само треба да имате идеја што сакате. 

Дефинитивно е помалку сложен од Adobe, но сепак обезбедува многу AI опции за подобрување на вашите фотографии, како што се: 

  • Автоматизација на уредувањето на фотографии – Ги автоматизира најчестите задачи за уредување и ги поедноставува сложените работни процеси. 
  • Портретни поставки – Ја подобрува природната убавина со користење на Iris AI за промена на бојата на очите, прилагодување на боите на кожата и облеката, со користење Face AI за отстранување на темните кругови, избелување на забите, отстранување на дамки и сл. Можете дури и да ретуширате со интегрираната алатка Body AI. 
  • Sky AI – Го прави небото импресивно на секоја фотографија и ви овозможува да ја отстраните позадината. 
  • Реалистични 3D временски ефекти – создадете магично расположение додавајќи реалистични атмосферски ефекти — магла, пареа, роса — со Atmosphere AI. 
  • Паметни предлози за шаблони – изберете од десетици колекции на шаблони за секој фотографски жанр. 

И уште многу друго. Пробајте и видете сами дали ги исполнува вашите очекувања од апликација за уредување на фотографии со AI. 

Prisma

Сега, ако барате AI алатка која е покреативна и која не е само за уредување на основните функции, туку овозможува и да ги претворите вашите фотографии во уметнички дела – Prisma е вистинскиот избор. 

Оваа апликација е повеќе фокусирана на претворање обични фотографии во уметнички визии на авторот, во зависност од нивното креативно ниво и личен стил. Сепак, таа вклучува и основни функции како замена на позадината и сл. 

Во оваа апликација можете да најдете повеќе од 500 филтри и различни стилови, како футуристички, филм noir, неонски Токио и многу други. 

Во споредба со другите апликации за уредување, овој пристап гарантира дека ќе се истакнете и ќе го изразите вашиот креативен аспект. Лесна е за користење, забавна и ги обработува фотографиите на друго ниво. Најдобриот дел е што AI овозможува тоа да биде целосно интуитивно со помалку кликови, па дури може да го рекреира стилот на некои од најпознатите сликари, како Салвадор Дали или Едвард Мунк. 

Removal.ai  

Во оваа листа сакавме да вклучиме едноставна алатка кој го решава еден од најчестите проблеми особено за брендовите –  позадината. Веројатно веќе знаете дека добриот производ или добриот аутфит не вредат ништо ако позадината не е впечатлива. 

Понекогаш, поголемиот дел од времето поминато во фотографирање се троши во наоѓање на соодветна позадина која нема да го одвлече вниманието од она што треба да биде во фокус, но сепак е ефикасна и обезбедува длабочина. 

Removal.ai не е комплицирана апликација за која ќе ви требаат денови за да се снајдете. Напротив, таа овозможува да ја замените позадината со еден клик, без разлика дали станува збор за веќе постоечка позадина која сте ја избрале или наменски дизајнирана и прилагодена за соодветната фотографија. 

Од наша перспектива, ова е најкорисната апликација за брендови. Дури и ако досега не сте користеле алатка за засилување на позадината на фотографии, пробајте ја оваа апликација и ќе видите колку многу ќе ја подобри содржината. 

Glorify

Оваа апликација во извесна смисла е слична на Canva, бидејќи се користи претежно како алатка за дизајн. Всушност, често се опишува како алтернатива на Canva која „го прави дизајнот ефикасен за бизнисите“. 

Освен што е прилагодлива платформа за дизајн, Glorify нуди и многу напредни опции за уредување на фотографии кои користат вештачка интелигенција. 

Од февруари 2023 година, нуди AI опции за изострување, подобрување, обработка на лица, замаглување на позадината, поправка на стари фотографии и уште многу друго. 

Тие имаат посебна страница посветена на барањата за функции од корисниците. Тука може да видите што друго планираат или што размислуваат да воведат во иднина. 

Покрај тоа, може да се вклучите во дискусии со други корисници за заедно да решавате проблеми врзани со обработка на фотографии. Можете да оставите коментари или да гласате за идеја на некој друг. Ако барате апликација за уредување на фотографии ориентирана кон заедницата која би ги земала предлозите во предвид, Glorify можеби е вистинскиот избор за вас. 

Избор на уредникот

Prijavi se na novosti.