Вештачка интелигенција

Повеќе од 2.000 учесници, 100+ говорници, 400+ стартапи и 200+ инвеститори од над 50 земји беа дел од второто издание на Startup Revolution AI Summit, кое се одржа од 1 до 4 октомври
Илон Маск ја прифати новата терминологија што ја промовира американскиот претседател Доналд Трамп и најави дека AI единицата на неговата компанија SpaceX ќе го промени името од SpaceXAI во SpaceXSI Промената доаѓа по иницијативата на Трамп изразот „artificial intelligence“ да се замени со „super intelligence“,…
Скопје, 2 октомври 2026 – Во Скопје започна Startup Revolution AI Summit 2026, четиридневен настан кој од 1 до 4 октомври ги обединува стартапите, инвеститорите, претприемачите, технолошките компании и претставниците на институциите околу…

Повеќе

Нов модел на вештачка интелигенција, развиен на Универзитетот за наука и технологија во Хонг Конг, покажува дека границите меѓу уметноста и алгоритмите стануваат сè потенки. AudioX е систем способен да генерира звук и музика од текст, видео, слики и аудио снимки на начин што ги воoдушевува инженерите и уметниците.
OpenAI работи на развој за нова социјална мрежа со јасна и стратешка цел – да обезбеди автентичен и свеж извор на податоци за обука и унапредување на своите модели на вештачка интелигенција. Во време кога битката за податоци станува сè поинтензивна, компанијата има за цел целосно да ја преземе контролата врз содржината која ја користи во своите технолошки процеси.
Најновиот член на фамилијата на Gemini вештачка интелигенција – моделот Gemini 2.5 Flash – носи висока ефикасност и брзина на обработка во реално време, со оптимизација на трошоците. Google го дизајнираше за широк спектар на примени, а неговата флексибилност го прави погоден и за комплексни системи и за комерцијални апликации.
Европската унија најави дека во рамки на план вреден 20 милијарди евра ќе бидат отворени од три до пет нови мегафабрики опремени со огромни суперкомпјутери во Европа, чија цел е развој на новата генерација модели на вештачка интелигенција (ВИ). Истовремено, ЕУ отвора можност за измени на постојниот закон за регулирање на оваа технологија.
Со порастот на вештачката интелигенција, компаниите и државите ширум светот се натпреваруваат за врвни таленти во оваа технолошка област и работат на усовршување на своите вработени во доменот на ВИ.
Американската технолошка компанија Meta ја претстави новата генерација на големи ВИ јазични модели – Llama 4. Новата серија вклучува модели наречени Llama 4 Scout, Llama 4 Maverick и Llama 4 Behemoth, и носи значајни подобрувања во разбирањето на јазикот, обработката на податоци и мултимодалните способности, што овозможува нивна примена во широк спектар на апликации – од деловни алатки до креативни платформи.